Заев: Ќе направиме се Груевски да биде екстрадиран
Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2018
Првичните документи за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија се поднесени, а кога МВР ќе ги комплетира останатите сите ќе бидат испратени во земјата каде бегалецот бара политички азил.
„Ќе направиме се што е во наша надлежност Груевски да биде екстрадиран дома и да ја отслужи казната. Нема да застанеме додека не се случи тоа“ - кажа премиерот по денешната прес конференција.
МВР штом ќе ја компелтира истрагата, ќе одговори каде е одговорноста, каде потврил системот, рече премиерот.
Истрагата ќе ги даде сите одговори, а одговорноста ќе биде понесена-дополни Заев.
Четири недели претходно органите постапувале согласно нивните овластувања, а јас бев свесен дека такво нешто е можно да се случи, истакна меѓу другото Заев.