Заев: Ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно, ВМРО-ДПМНЕ може да прави попис во 2031-ва
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2021
Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници, рече денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на новите просториии на Министерството за политички систем.
- Резидент е тој што е иселен помалку од една година. На пописот ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. Еве да ја земеме за пример бошњачката заедница. За една година 20 посто од нив може да бидат надвор од земјата, но може да бидат и дома, рече Заев.
Премиерот вели дека власта е подготвена да прифати донација од 5.000 апарати за фингерпринт и тоа да се вгради во законот за попис, но вели дека отисок од прст не невозможно да се зема од децата и од граѓаните кои не се во земјата.
На опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која најави дека нема да ја поддржува и почитува статистичката операција и дека ќе направи нов попис кога ќе дојде на власт, тој им порача дека тоа можат да го направат по 10 години кога ќе дојде време за уште еден таков.
- На крајот ова е закон, нема да има работна група за спроведување, институциите го спроведуваат, тој не може политиката да го спроведува. Во 2031 ВМРО-ДПМНЕ ќе може да направи попис. Овој до 21 април мора законски да биде спроведен, наведе Заев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.