18 Декември, 2025
0.0798

Заев: Кога ја земаш сопругата ја земаш во добро и зло, така и НАТО и ЕУ одат заедно

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2018 13:24

Добивај вести на Viber

Во финишот на кампањата до референдумското изјаснување на Македонците за договорот со Грција и новото име на земјата, и во сабота, во полупразна зграда на Владата, во премиерската канцеларија седи главниот протагнист Зоран Заев.

Вака српски б92 ја почнува статијата на „BBC на српски“ посветена на Македонија.

Премиерот зборува за референдумот, иднината на регионот и односите со Србија.

„Одговарам на три до пет илјади пораки дневно и тоа прави да бидам во тек со сите проблеми - тоа е предноста на малата земја.

Така знам дека расположението во земјата е позитивно“, вели Заев во разговорот за „BBC на српски“

Сепак, јасно види каде може да биде проблемот - неопходно е на референдумот да излезат повеќе од половина од запишаните избирачи, а бројот од 900 илјади гласачи е голем предизвик.

„Прашање е дали на гласањето ќе излезат доволен број луѓе, посебно ако знаеме дека на референдум не излегуваат ист број на граѓани како на изборите.

Гласањето е закажано за 30 септември и тоа е само една етапа за промена на името на Македонија во Северна Македонија, пренесува порталот а целиот текст читајте го овде.

Сите парламентарни партии се за влез во ЕУ и НАТО, но опозицијата е против договорот со Грција.

Не можете да бидете против НАТО и ЕУ и затоа нема кампања да се гласа против на овој референдум“, вели Заев.

Одговарајќи на прашањето дека се измешани различни теми, Заев вели дека промената на името е иницирана токму поради продолжување на евроатлантските интеграции.

„Што вели мојот генерален секретар - кога матичарот ме прашал на венчавката дали ја земам сопругата, ме прашал дали ја земам и во добро и во зло.

Не можете да ја земете само сопругата во добро - тие две работи се поврзани и не би било логично Македонија да се изјаснува само за НАТО, само за ЕУ или само за договорот со Грција. Ако успее едното - успева и другото, и обратно“.

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска