Заев: Набавка на 40.000 компјутери би траела до април
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020 09:52
Премиерот Зоран Заев денеска на првиот ден од новата учебна година рече дека постапката за набавка на 40.000 компјутери за оние деца кои ги немаат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн настава би траела долго време.
- Постапка за набавка за 40.000 компјутери би траела до април месец. За оние кои ја немаат таа потребна опрема, има снимени материјали кои се со содветен распоред. Верувам дека ќе ги доекипираме техничките средства со донации, зависно кој колку може - Владата, министерствата или другите институции. Ќе направиме да може секое дете да се чувствува еднакво со другите, рече Заев.
Министерката за образование на заедничкиот брифинг со Заев пред медиумите дополни дека има опција за следење настава на националниот телевизиски сервис на кој има распоред и овој начин сите земји во развој го користат како можност.
- Имавме одлична соработка со телевизијата и имаме распоред кој цела година ќе оди по даден шаблон, рече Царовска.
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




