Заев: Наследивме разрушен државен систем, заедно можеме да ја изградиме достоинствена Македонија
Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 22:44
Премиерот Зоран Заев по исцрпната дебата по поведената иницијатива за интерпелација на Владата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ги даде одговорите на сите упатени критики и забелешки, како за реформските процеси, така и за остварување на стратешките определби.
„Мнозинството подаде рака кон опозицијата за нејзино учество во работата на Собранието со свои идеи и предлози, за излез од политичката криза и надминување на заробената држава со остварување на тесно партиски и лични интереси.
Затекнавме состојба на големи злоупотреби, се соочуваме со последици и закани во системот на институции. Имаме наследени ситуации со штетни и коруптивни договори, наследен долг од 270 милиони евра за проектот Скопје 2014 за што би платиле огромни пенали кои ќе бидат на штета на граѓаните. Затекнавме и 383 милиони евра неплатени обврски кон добавувачи од претходната влада.
Опозицијата мора да ги преиспита своите претходни политики кои се ретроградни и мора да учествуваат сега конструктивно во реформите без стеги од криминалното наследство.
Неохподна е вклученост на сите одговорни политички фактори, системот мора да се регенерира од внатре и не може да биде увезен од страна. Парламентарното мнозинство презеде одговорност за реформите и треба да направиме од Република Македонија достојно место за живеење со реализирани стратешки определби за членство во НАТО и ЕУ.
Знам дека не му е лесно и на новиот опозициски лидер Мицкоски и затоа ја прифатив оваа иницијатива за гласање доверба со цел да ги корегираме сите недостатоци, но очекував многу повеќе. Опозицијата нема ниту еден силен или реален аргумент, особено за реформскиот план 3-6-9 за што е потребен и ваш придонес за негова целосна реализација“, рече премиерот Заев во неговата одбрана зошто Владата треба да ја добие довербата од парламентарното мнозинство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




