Заев: Низ институциите на системот ќе се утврди точниот број на мандати
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 15:15
Опозицискиот лидер Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и потпретседателот Дамјан Манчевски денеска имаше средба со Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ од САД за Европа и Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија.
Заедничка е оценката дека излезноста на граѓаните на изборите во Македонија беше голема и граѓаните дадоа поддршка на концептот што ќе им донесе поквалитетен живот.
-На изборите поддршка од граѓаните доби концептот за заедништво, што отвора шанса за добар живот на сите граѓани на Македонија и вистински перспективи за развој на Македонија. СДСМ цврсто е определена кон фер општество за сите граѓани на Македонија, кои ќе живеат во слободна, економски стабилна, единствена Република Македонија. Мнозинството граѓани во Македонија се изјаснија за овие промени, очекувам сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, да ја почитуваат волјата на граѓаните и да не формираат Влада со Никола Груевски чиешто време заврши, рече Заев
Тој посочи дека низ институциите на системот ќе се утврди точниот број на добиени мандати, што според официјални докази покажува повеќе мандати за СДСМ, како и дека СДСМ продолжува да ја развива Македонија како демократска земја со шанса за напредок и успех и на државата и на секој граѓанин поединечно.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




