ЗАЕВ ОБЈАСНИ ЗОШТО ДУИ НЕ ВРЕДЕЛЕ ПЕТ ПАРИ: Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, ќе имаат и помалку
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020
Нова „бомба“ се појави денес во која претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги коментира албанските гласови.
Заев за ТВ21 истакна дека ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови.„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“, вели Заев.
За ДУИ Заев во последно време повторува дека ќе одат во опозиција.
Oткако почна кампањата за изборите, постојано се објавуваат „бомби“ за двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.