25 Ноември, 2024
0.0294

Заев: Очекуваме овој месец да пристигнат вакцини, првите ќе бидат на Фајзер и Синофарм

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

„Пандемијата покажа дека земјите во развој и развиените земји се меѓусебно зависни. Во таа насока неопходно е мултилатерално координирање и работа за еднаков пристап и дистрибуција на вакцини, тестови и терапија. Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, терапија и дијагностика. Економската активност нема да се врати во нормала се додека сите земји не ја стават под контрола пандемијата“, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“.

Премиерот подвлече дека темата за вакцините, со право, го окупира целиот свет не само нас и додаде дека целосно го разбира чувството на граѓаните колку што е можно побргу да започне процесот на вакцинација и во нашата земја.

„Уште од стартот кога започнаа да се наѕираат резултатите од производството и тестирањата на вакцините го ставивме во функција целиот капацитет на Владата за да ги пласираме издвоените средства од КОВИД програмата, како и средствата што доаѓаа од ЕУ или Светска Банка за набавка на вакцината.

Ние секако се приклонивме во очекувањата кон механизмите на Брисел за испорака на потребните количини од вакцината и преку КОВАКС системот. Но, треба да ги земеме предвид и објективните околности дека некои од производителите од западноевропските земји потфрлија прво во проценките кога ќе завршат целосните тестирања на вакцините, а потоа и во производство на количините кои на глобално ниво надминуваат неколку милијарди дози“, рече Заев и додаде дека потфрлањето на производителите е кон речиси сите земји, при што доделени се само 10 до 15 проценти од очекуваните количини во првиот или вториот турнус и тоа е причината зошто некои од европските земји кои ветија дека ќе споделат дел од вакцините со земјите од Западен Балкан не можеа да го направат тоа како што беше замислено.

Како резултат на тоа, Заев рече дека веднаш се премина и кон интензивна комуникација со сите производители и сите можни влади и контакти кои би можеле да ни помогнат.

„И затоа денеска можам да кажам дека обезбедуваме вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи и кои несомнено покажуваат резултати и се докажано безбедни. Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и вакцината на „Синофарм“.  

Ние сме целосно подготвени за првите количини од аспект на нивното складирање во соодветни услови, од аспект на правно-процедурални постапки и се разбира од аспект на организациски план за вакцинирање. Затоа ја направивме и измената на Законот за лекови од причина што глобална политика на производителот на вакцини Фајзер со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава“, рече Заев и додаде дека дополнителни позитивни промени најавува и одлуката на „Фајзер“ да се врати на првичниот распоред на испораки на вакцините во Европската Унија со обврска зголемените испораки да започнат на 15 февруари за да се исполни договорот за испорачување на договорените количини.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо