Заев од Демир Хисар се обврза да ги задржи младите во земјава
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2016 20:42
Опозицијата вечерва митингуваше во Демир Хисар, а во тек е митингот и во Кичево.
Пред граѓаните на Демир Хисар Заев упати порака дека листата која ја предводи, четворката била победничка.
„Сакам да знаете, со Планот за живот ги враќаме слободата, правдата, еднаквоста и демократијата. За овие четири работи се бориме и затоа четворката ќе биде историска и победничка за животот во Македонија!" рече претседателот Заев.
Опозицискиот лидер се обврза пред многубројните граѓани дека Планот за живот ќе ги задржи младите луѓе да живеат и работат во Македонија.
Како што рече, државата ќе ги привлече да останат во државата по завршување на школувањето со тренинг, обука, вработување, со 10.000 евра за најдобрите бизнис идеи со обезбедени бесплатни сметководствени и консултантски услуги за новите бизниси во старт ап центрите.
„Иднината на Македонија е во младите луѓе, тие се моторот на идниот економски раст. За да ни останат младите дома сите заедно избираме живот во Македонија“, посочи Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




