Заев од Штип вети бесплатно болничко лекување за сите!
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2016 11:22
Опозицискиот лидер вчера пред граѓаните на Штип вети бесплатно болничко лекување за сите граѓани.
„Клучно за секој човек е неговото здравје и здравјето на неговото семејство. Затоа, се обврзуваме на квалитетно јавно здравство достапно за сите граѓани. Ќе обезбедиме амбуланти и болници според потребите на сите граѓани, во сите делови на Македонија. Во јавното здравство ќе работат стручни и квалитетни лекари кои ќе се грижат за вашето здравје.
За да бидат целосно посветени на вашето здравје, за да ги мотивираме. Испланиравме двојно покачување на платите на здравствените работници до крајот на мандатот. Специјалистите ќе примаат 100.000 денари плата, со 100.000 денари плата, лекарите ќе ни останат овде во јавното здравство и ќе се грижат за здравјето на нашиот народ“, рече Заев пред Штипјани.
Тој рече исто така дека веќе нема да треба да се бркаат врски за да се дојде на листата на чекање кај најдобриот лекар.
„Ќе има во јавното здравство и квалитетни и стручни лекари, но ќе има и лекови и медициснки материјал – нема за завој, со крвава рана, да ве враќаат да си купите од аптека. За набавката на лековите нема да биде пресудна само најниска цена. Таму каде што е потребно, ако треба најдобриот, најквалитетниот лек ќе го обебзедиме, нека е и најскапиот, ако од него зависи животот на пациентот. Ви реков, болничкото лекување ќе биде бесплатно за сите, за секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда како што страда вашата сограѓанка тетка Зоре, а и уште многумина како неа низ Македонија“, потенцираше опозицискиот лидер.
Првиот човек на СДСМ и пред граѓаните на овој град ја презентираше приграмата која ја нуди неговата партија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




