ЗАЕВ ОД ТЕТОВО: Јас ќе бидам идниот премиер и ви гарантирам живот за сите подеднакво!
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 12:12
Во синоќешниот централен митинг во Тетово, опозицискиот лидер самоуверено порача дека тој ќе биде идниот премиер на земјава и со десна рака ставена на срце, гарантираше дека ќе обезбеди живот за сите подеднакво!
„Уставот на Република
Македонија нема да дозволам никој да го смени! Имаме прекрасен, либерален,
европски устав!
Тој устав ги гарантира сите права на граѓаните на Македонија од било која заедница. Но ги гарантира и обврските на секој граѓанин. Овој План гарантира едно општество за сите. Овој План кој ние го имаме, ќе ви кажам што пишува во Планот, за да расчистиме сега. Да го оставиме Груевски со сите глупости со кои што сака да се занимаваме. И да! Да се фокусираме на егзистенцијата, на работните места, на економијата, на тоа што обезбедува живот“, рече Заев.
Образложувајќи го Планот на неговата партија рече дека нивна клучна цел, е да се изгради едно обединето општество, со што ќе се обезбедат внатрешната стабилност на земјата и добри односи меѓу заедниците.
Тој рече дека стои цврство зад збор напишан во Планот за живот во Македонија!
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




