Заев откако наседна: Немам намера да поднесам оставка
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019 12:33
Тоа што сум измамен од руските комичари покажува дека сум во добро друштво, бидејќи така беа измамени и Емануел Макрон и Борис Џонсон, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање пред јавноста по повод објавените три разговори во кои шефот на македонската Влада мисли дека разговата со Петро Порошенко, претседателот на Украина, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.
- Тоа се странски платенички структури и работат во интерес на опозицијата, за што покажува првично ширење на веста од опозициските портали. Разговорите ја покажуваат мојата верба во договорот со Грција, како и за придобивките од договорот со Бугарија. Ќе направам и се што треба за автокефалноста на Македонската православна црква. Мислењето за Ѓорѓе Иванов дека е близок со русија, може сам за тоа да коментира, рече Заев.
Премиерот рече дека наседнал затоа што и претходно многу пати разговарал на истите теми со Порошенко и Столтенберг. Најави дека мора да се зголеми безбедноста при протоколот на комуницирањето и борбата против лажните вести. Рече дека нема намера да поднесува оставка поради ова.
- Давањето телефонски броеви не е оддавање државна тајна. Јас во овие разговори разговарав за наши официјални ставови кои се објавени и во јавноста. Немам намера да поднесам оставка, затоа што ова се случувало во повеќе земји и на повеќе политичари, наведе Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




