Заев по разговорот со Брнабиќ: Од 14 јануари се укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2021
Претседателот на македонската влада Зоран Заев по разговорот со српската премиерка Ана Брнабиќ информира дека од 14 јануари се укинува задолжителниот ПЦР тест потребен за македонските државјани за влез во Србија.
„Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, информира владината прес-служба.
Заев денеска имаше телефонски разговор со Брнабиќ со честитки за успешна 2021 година, а биле изразени желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.