Заев пред албанските медиуми: Работиме на проблемот со Бугарија, иако не знаеме кој е тој
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2020
Премиерот Зоран Заев во брифингот со албанските медиуми денеска при посетата во Пустец рече дека се работи на отстранување на проблемот со Бугарија, но како што рече тој, не знае кој е тој.
- Ние продолжуваме да работиме на отклонување на проблемот со Бугарија, за кој што дури и не знаеме во што е проблемот. На крајот, заради тоа што сме пријателски земји, ние треба да си помагаме меѓу себе, за целиот Балкан да биде во ЕУ. Проблемот настана со долгото и краткото име - Република Северна Македонија и Северна Македонија. Ние потврдивме дека не постојат територијални претензии и го решивме на начин на кој го решаваат европски земји. Работиме на отклонување на омразата, на другите прашања како што е имплементирањето на Договорот за пријателство, инфраструктурата, историските личности итн. Можеби договорот не се реализра одлично, но се реализира добро. Но се надевам дека многу брзо ќе најдеме решение со Република Бугарија, рече Заев меѓудругото.
Албанските медиуми се интересираа за неговата посета, откако и Албанија и Македонија истовремено беа блокирани да добијат датум за преговори со ЕУ поради блокадата на Бугарија.
Премиерот Заев и министерката за образование Мила Царовска денеска го посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“ во Пустец. Ова училиште во Албанија е реновирано со поддршка на Владата а во истото се учи на македонски јазик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.