Заев: Процесот бара инклузивност и одговорност со цел градење национален консензус, тоа им го должиме на граѓаните

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2018 11:03
Премиерот Зоран Заев вели дека имале информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани предложените идеи од медијаторот Метју Нимиц, по што размениле информации, мислења и за разговорите меѓу Заев и премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
Според премиерот, овој процес бара инклузивност, посветеност и политичка одговорност со цел градење национален консензус во Република Македонија.
„Со решавањето на билатералниот спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напредок и интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и заштита на националните интереси и достоинството на нашиот народ. За да ги оствaриме овие цели неопходна е вклученост на Владата, опозицијата, Претседателот на државата, како и навремено и објективно информирање на граѓаните на Македонија. За тоа е потребна политичка волја и храброст од наша страна, но решение е можно доколку таква политичка волја постои и на грчката страна. Интеграцијата, заедно со реформите и економските реформи се клучни за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија“ - изјави Заев.
Тој вели дека на оваа тема ќе разговараат во Македонија, со домашните политички чинители, но и со соседна Грција.
Можеби ќе ве интересира
НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ СИЛНО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Се крева алармот, колку се безбедни клубовите во Грција?

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

ХЕРОЈ: ФУДБАЛЕРОТ АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПОЧИНАЛ СПАСУВАЈЌИ ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ, ТОЈ ПРЕТХОДНО НЕ НИ БИЛ ВО ДИСКОТЕКАТА - се откриваат нови тажни детали за починатите
Обвинителство: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани

ОД УКЦ НИШ СТИГНАА НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ - таму се лекуваат тројца наши луѓе, ова е нивната најнова состојба

„БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 35.000 ЕВРА И ГИ ДОНЕСЕ, НАШИВЕ ОДМОР ЗЕМАА“: Ина Многуфина остро 'од овде треба лифт да те качи на дното'

„ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД СТРАНСТВО, ЗА ЖАЛ КАЈ НЕКОИ СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА“: Таравари ги соопшти најновите информации
ЌЕ СЕ СЛУЖИ ИФТАР КАЈ УРГЕНТЕН: Подготвен простор за вработените кои постат, а во 13 часот семејствата на повредените од Кочани ќе можат да ручаат
