Заев промовираше „План за живот во Македонија“
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев заедно со уште неколку млади од партијата денеска ја најавија новата акција на опозициjата.
Заев ветува дека граѓаните во Македонија ќе имаат убав живот и дека промените се во тек. Лидерот на СДСМ зборуваше за повисоки плати за сите, пристојна работа, институции и власт кои се во контрола на граѓаните.
„Ете, поради овие толку посакувани промени, го создадовме овој „План за живот во Македонија“. Ова е план за едно општество за сите, за Македонија за сите. Со овој план ќе дојдеме до секој од вас. Планот мора да го одобрите вие, граѓаните. За ваква реформа мора да имаме договор, бидејќи ние се одлучивме за сојуз со вас, граѓаните. Повеќе пари во секој семеен буџет, нови работни места, шанси за младите за живот во Македонија“ - рече Заев.
Тој рече дека во периодот што доаѓа, млади од партијата ќе им пристапуваат на граѓаните и ќе ги прашуваат дали го одобруваат новиот план на СДСМ.