26 Декември, 2024
0.0306

Заев: Режимот го бутнавме, на 11. декември ќе го славиме животот

„Што ќе славиме на 11 декември? Пад на режимот? Тој е веќе паднат. Нас не ни треба победа заради победа, заради хранење на егото. Што тогаш ќе славиме на 11 декември? Ќе го славиме животот во нашата прекрасна Република Македонија, рече Заев.

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ќе се избориме заедно за солзи радосници, за насмевки, за живот во Македонија, рече во своето обраќање на конгресот на СДСМ, претседателот на партијата, Зоран Заев.  

„Точно е СДСМ се отвори, битката што се отвори е поголема и преважна за да ја водиме сами. Затоа пораката од овој конгрес е секој е важен, секој има мака, идеја, секој ќе ислушаме, секому ќе подадеме рака. Чувте и жени и мажи и нечии родители и нечии деца. Програмата не е дело на некои луѓе кои се затвориле во канцеларии и твореле. Ние сме само моливот во рацете на граѓаните. Ги отваравме вратите, разговаравме со граѓаните. Од денеска секој штаб и канцеларија да ги остави вратите отворени. Луѓето знаат каде може да тропнат. Ќе ги слушате и ќе ги решавате нашите проблеми. Вака му доликува да работи на социјалдемократскиот сојуз и само така ќе работи“, истакна Заев. 

Според него, режимот на Груевски нема да се бутне на 11 декември, бидејќи веќе е паднат.  

„Што ќе славиме на 11 декември? Пад на режимот? Тој е веќе паднат. Ние граѓаните го турнавме. Нас не ни треба победа заради победа, заради хранење на егото. Што тогаш ќе славиме на 11 декември? Ќе го славиме животот во нашата прекрасна Република Македонија!“, рече претседателот на СДСМ. 

Освен за една фамилија и мала група околу нив, според Заев, за повеќето граѓани ова не е живот. 

„Крпен живот во моментов не е само наслов на книга, туку најпрецизно објаснување за ова што се случува. Но како би живееле ако имате помали трошоци за живот, кога не би се плашеле да влезете во супермаркет, кога не би биле под стрес од неплатени сметки, или кога би имале пари да отидете на одмор? Ништо ова што го набројав не е луксуз. Секој има право на достоинствен живот. Нема индивидуална среќа без колективна, животот ни го покажа тоа на сите нам“, рече тој.

Заев зборуваше и за мерките на СДСМ со кои партијата ќе се обиде да ги освои гласовите на граѓаните на наредните избори.


Можеби ќе ве интересира

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката