Заев: СДСМ е партија пример како се организира и финансира кампања
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 14:35
Нема ништо спорно, ниту незаконско во финансирањето на изборната кампања, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев кој денеска се појави во Основното јавно обвинителство за увид во доказите во случајот кој го отвори Обвинителството за изборни нерегуларности.
„СДСМ е политичка партија којашто важи за пример за сите други политички партии за организирање кампања, се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември, апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна. Но, што и да е, денеска, од увидот во доказите ќе видиме за што се сомничиме, јас, партијата и лицето вработено во СДСМ“, рече Заев.
Извор: 24vesti.mkМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




