Заев: СДСМ може да формира влада и со ДУИ, и со Алијанса и Алтернатива
Објавено во: Македонија 04 Август, 2020
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати по денешната конститутивна седница во Собранието. Тој најави дека се надева дека за 10 до 15 дена ќе биде формирана новата влада.
На прашањето дали уште стои на ставот дека ДУИ треба да оди во опозиција, Заев одговори дека сите опции се отворени за преговарачкиот процес.
„Да оставиме времето да покаже за да видиме со кога може да направиме коалиција. Јас сум разумен човек секако дека граѓаните преку своите гласови ги даваат правците и очекувањата. СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите опции се отворени за преговарачкиот процес, изјави Заев.
Сите опции се од сега отворени, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Верувам дека ќе обезбедиме стабилно парламентарно мнозинство коешто ќе гарантира стабилна влада…Коалицијата предводена од СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива. Зависи од отстранување на национализмите, зависи од цело поглавје на разработка за прочистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функционер…, рече Заев
Во своето излагање Заев изрази очекување дека ќе биде составено ново парламентарно мнозинство и влада која што ќе истрае 4 години и којашто ќе почне поинтензивно да се залага за економските прашања.
Заев најави намалување на бројот на министерствата без ресор и кажа дека фокусот на новата влада ќе биде врз внатрешните прашања во државата.
Во одговори на новинарски прашања, Заев рече дека процесот на преговори за составување на ново парламентарно мнозинство веќе може да почне и оти ќе ги слушнат понудите и ставовите на сите страни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.