Заев: Се што е украдено ќе се врати, ќе има конфискација
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2016 20:25
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Берово вечерва изјави дека Никола Груевски ќе го врати украденото и ќе има конфискација до денар.
Заев вели дека нивниот План за живот ќе го смени животот на граѓаните на подобро.
Кажа дека на крајот на годината секое семејство ќе има плус 500 евра, институциите ќе работат само во служба на граѓаните.
„Овој план е враќање на својот живот, си го сакате живоот, си ги сакате децата, живот за сите. Во време на најголемата сиромаштија Груевски потроши една милијарда евра за споменици, музеи, жални врби додека младите ја напуштаат земјата. Да отвараме работни места. Во Македонија ќе инвестираме во младите, во човекот“ - кажа Заев.
Додаде дека ќе им помогнат на фирмите, а поддршка ќе има и за земјоделците.
Смета дека со нивните мерки, граѓаните ќе сакаат да живеат и работат во Македонија.
„Овој план го плаши нашиот политички противник. Нема крадење на животи во Македонија“ - вели Заев.
Додава дека во корумпирана држава не може да доаѓаат инвеститори и затоа е потребна совесна Влада
Кажа дека на 12 декември Груевски и блиските до него ќе се отрезнат кога ќе изгубат на избори.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




