19 Декември, 2025
0.0979

Заев се сретна со кинеската амбасадорка - Го чекам мандатот во најбрзо време

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 14:42

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претпладнето се сретна со новата амбасадорка на НР Кина во Р.Македонија, Лин Лисјен.

На средбата е поздравена традиционално добрата соработка помеѓу Р.Македонија и НР Кина и се потврдени определбите и од страна на амбасадорката на Кина и од страна на претседателот Заев за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Претседателот на СДСМ ја информираше кинеската амбасадорка за актуелните политички настани во Македонија и очекувањето Ѓорге Иванов во најскоро време да му го додели мандатот за состав на новата Влада на Р.Македонија.

- Идната Влада на Македонија ќе биде реформска. Подготвени сме да ги спроведеме сите неопходни реформи поврзани со економски напредок на граѓаните и на државата, како и за обезбедување независни институции, целосно независно судство, независни медиуми. Квалитетен живот за сите граѓани и отворање перспективи за напредок и развој на Македонија се нашите цели, рече претседателот Заев.

На средбата е оценета како исклучително позитивна поддршката на мнозинството граѓани на изборите, на концептот на заедништво во Македонија, бидејки, како што е констатирано, само сплотеноста, а не поделбите носат добра иднина за сите граѓани и за Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан