09 Јануари, 2025
0.0261

Заев; Следниот состанок со Вучиќ и Рама на 10 ноември во Охрид

Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерите на Албанија и на Северна Македонија Еди Рама и Зоран Заев, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска дадоа согласност на иницијативата меѓу трите земји за слободен проток на капитал, производи, услуги и луѓе, или таканаречена „мал Шенген“.

„Документот кој ќе го видите е заснован на слобода на проток на капитал, роба, услуги и луѓе затоа што мислам дека луѓето во нашите земји заслужуваат подобар живот и помало невработување“, рече Вучиќ.

И Рама и Заев истакнаа задоволство од овој договор, кој според најавите, би требало да стапи на сила во 2021 година.

Премиерот Заев рече дека сите шест земји од Западен Балкан треба да се приклучат на иницијативата за поблиска економска интеграција на земјите од регионот.

Заев рече дека Северна Македонија ја поддржува иницијативата, затоа што треба многу повеќе да се направи за економска конвергенција.

„Потребна е целосна соработка во спроведувањето на четирите основни слободи - слободата на движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Мислам дека дефинитивно ќе го создаде она што сите го очекуваме, а тоа е Балканот, кој ќе биде почитуван на глобално ниво, поконкурентен и попривлечен за странските инвеститори. “, рече Заев.

Заев најави дека следната средба, посветена на отстранување на безграничните бариери за бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе, услуги и капитал, ќе се одржи во Охрид на 10 ноември и ги повика сите земји од регионот да се приклучат.

„Ние ја испраќаме пораката дека политичките односи во регионот стануваат поедноставни, дека Балканот не е повеќе буре барут, туку регион на стабилност на економскиот развој посветен на европската интеграција и подобрување на стандардите на нејзините граѓани“, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЛЕ НАКИТ, ПАРИ, ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ: Тројца Македонци се уапсени во Хрватска

КРАДЕЛЕ НАКИТ, ПАРИ, ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ: Тројца Македонци се уапсени во Хрватска

ОВА Е 13-ТА ЖРТВА ОД МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Повреден почина во болница во Подгорица

ОВА Е 13-ТА ЖРТВА ОД МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Повреден почина во болница во Подгорица

(ВИДЕО) ЧАЧАК: Паднал дел од фасадата од новиот Здравствен дом кој уште не е отворен

(ВИДЕО) ЧАЧАК: Паднал дел од фасадата од новиот Здравствен дом кој уште не е отворен

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЧОВЕЧКИОТ МЕТАПНЕВМОВИРУС ВО СОСЕДСТВОТО: Случајот е откриен во Солун

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЧОВЕЧКИОТ МЕТАПНЕВМОВИРУС ВО СОСЕДСТВОТО: Случајот е откриен во Солун

ОПАСЕН ПАРАЗИТ ПРОНАЈДЕН ВО СМРЗНАТА РИБА ОСЛИЌ, МОЖЕ ДА СЕ РАЗВИЕ ВО ЧОВЕЧКИТЕ ЦРЕВА: Конзум го повлекува производот од продажба

ОПАСЕН ПАРАЗИТ ПРОНАЈДЕН ВО СМРЗНАТА РИБА ОСЛИЌ, МОЖЕ ДА СЕ РАЗВИЕ ВО ЧОВЕЧКИТЕ ЦРЕВА: Конзум го повлекува производот од продажба

ПОЗНАТИОТ ТРАГАЧ ОД „ПОТЕРА“ РЕЖИСЕРОТ МИЛИНКОВИЌ ПОЧИНА НА БОЖИКНА ЛИТУРГИЈА: Му се слошило во црквата во Јабуковац

ПОЗНАТИОТ ТРАГАЧ ОД „ПОТЕРА“ РЕЖИСЕРОТ МИЛИНКОВИЌ ПОЧИНА НА БОЖИКНА ЛИТУРГИЈА: Му се слошило во црквата во Јабуковац

ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈСКАПИОТ АВТОПАТ ВО ВРЕДНОСТ ОД НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА: „Поврзувањето на Дубровник нема цена“

ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈСКАПИОТ АВТОПАТ ВО ВРЕДНОСТ ОД НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА: „Поврзувањето на Дубровник нема цена“

ХОРОР И ЛОШИ ВЕСТИ НА БАДНИК: Пукање во кафеана во Јагодина, неколкумина повредени, брза помош на лице место

ХОРОР И ЛОШИ ВЕСТИ НА БАДНИК: Пукање во кафеана во Јагодина, неколкумина повредени, брза помош на лице место

КРВАВИОТ НАПАД ТРАЕЛ САМО ПОЛОВИНА ЧАС: Откриени застрашувачки детали од масакрот во Цетиње

КРВАВИОТ НАПАД ТРАЕЛ САМО ПОЛОВИНА ЧАС: Откриени застрашувачки детали од масакрот во Цетиње