18 Декември, 2025
0.1171

Заев: Со Бугарија можам да помогнам деловно, против референдумот ќе бидат 75 отсто граѓани

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2022 11:17

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, претежно за бугарските медиуми, изјави дека Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“

Заев присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

- Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со претседателот Румен Радев и со вашиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза, како и на многу други активности. Јас верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството. Јас многу пати сум кажал - ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива и ние треба да обезбедиме нашите деца да може да соработуваат. Стојам секогаш на располагање на помош на добрите односи како поранешен премиер. Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, а можам да бидам од помош во деловната соработка, поради тоа што веќе се вратив во бизнисот и работам економија, порача тој.

Поранешниот премиер како одговор на новинарско прашање рече дека 75 отсто од граѓаните се против иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

- Никаде во светот нема некој да биде против пријателство и добрососедство,. Нашиот народ тоа нема да го поддржи. Убеден сум дека нашето пријателство во иднина ќе биде пример, а јас како потписник на договорот испраќам порака до политичарите да го негуваат добрососедството., одговори Заев.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“