06 Октомври, 2024
0.0274

Заев со честитки по повод Велигден до верниците на Католичката црква: Велигден да ни ја даде силата за изградба на едно општество за сите

Објавено во: Македонија 01 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев по повод христијанскиот празник Велигден, што го прославуваат верниците на Католичката црква, упати писмо со честитки до Г. Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква во Република Македонија.

Премиерот Заев во честитката пишува дека во негово лично име и во име на Владата на Република Македонија, на сите христијани од Католичката црква, им го честита големиот христијански празник - Велигден.

- Овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови поминати во пост и молитва, крајот кој, всушност, завршува со победата над смртта која ја славиме со воскликот „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – се вели во честитката на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев до Г. Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква во Република Македонија.

Претседателот Заев во писмото вели дека „со својот подвиг посветен на нас луѓето, Христос ни се даде како пример и помина низ Голготата на смртта. И за момент, кога сè изгледаше како пораз, и кога темнината ја нападна земјата, Божјата тридневна тишина беше завршена и Тој воскресна и со смрт смртта ја победи за да ни ја врати со целата полнота надежта.

„Со воскреснувањето на Исус Христос“, пишува премиерот Заев до верниците на Католичката црква по повод Велигден, „се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и се оприсутни како сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда“.

- Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово и на воскресението на новиот човек. Радоста на овој, и на сите идни Велигдени да ни ја даде силата за изградба на едно општество за сите, кое е мирољубиво, и во кое се почитува верската слобода на сите нејзини граѓани. „Христос воскресна! Навистина воскресна!“

Среќен Велигден до сите верници од Католичката црква! – се вели во писмото до Г. Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх, и до сите верници на Римокатоличката Црква во Република Македонија по повод Велигден.


Насловно ФОТО: Влада на РМ

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил