Заев со порака за денот на ОН - Помалку сиромаштија, поголема еднаквост, одржлив развој
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Зоран Заев, претседател на СДСМ и градоначалник на општина Струмица за која вели дека е најуспешна во Македонија и пошироко, на денот на Обединетите нации посочи дека ќе се бори за принципите на еднаквоста, намалување на сиромаштијата, покренување на одржлив развој преку обновливи извори на енергија и задржување на младите луѓе во Македонија за сопирање на миграцијата.
„Денеска, на Денот на Обединетите нации, кога вниманието на државите членки е свртено кон развојните цели за: свет без сиромаштија и глад, за пристојна работа, намалување на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, економски раст, добро здравје, квалитетно образование, инфраструктура, чисти извори на енергија. Ве повикувам заедно да им ветиме на сите деца во Македонија и на сите млади во Македонија. Ќе го оствариме и нашиот заеднички сон за добар живот во Македонија. Планот што го направивме заедно, ќе овозможи живот во Македонија“, изјави Заев.