16 Мај, 2024
0.0283

Заев: Со ребалансот на буџетот ќе обезбедиме еднакви услови за домашните и за странските компании

Објавено во: Економија 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и министрите од економскиот тим на владата денеска присуствуваа на деловниот појадок кој традиционално го организира Сојузот на Стопански комори на Македонија.

На настанот присуствуваа амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, како и претседатели на коморите и претставници на бизнис секторот застапуван од Сојузот на Стопански комори на Македонија.

На почеток на своето излагање пред стопанствениците, менаџерите и другите гости, премиерот Заев ја истакна цврстата определба на Владата на Република Македонија да работи како сервис на граѓаните, но и како сервис на деловните луѓе.

„Наша задача е ние да создадеме услови и очекувања, а вие, стопанствениците, да правите повисоки профити. Да ги подмирувате давачките кон државата и да отворате нови работни места за нашите граѓани“,порача премиерот Заев пред присутните.

Премиерот Заев упати јасни пораки до бизнис заедницата во насока на неопходноста од нивнатасогласност во процесот на градење на посолидарно и посреќно општество, и, како што рече на тој, во градењето на заеднички пат кој ќе гарантира успех доколку се воспостави вистинска кохезија помеѓу работниците, бизнис секторот и власта.

„Деловната заедница практично ги чувствува потребите секојдневно и може да биде одличен партнер на извршната власт во спроведувањето на владините програми, стратегии, економски политики и мерки. Сакаме да ги слушнеме вашите укажувања со кои вие секојдневно практично се соочувате“, рече премиерот Заев.

Сојузот на Стопански комори на Македонија испорача до првиот министер и до Владата на Република Македонија, вкупно 75 предлог економски мерки за кои премиерот Заев рече дека дел се веќе вклучени во економските политики на новата влада, а останатите внимателно ќе бидат разгледани.

Премиерот Заев најави еднакви услови на пазарот за сите пазарни субјекти, превентивна улога на инспекциските служби, побара совесно работење и исполнување на обврските од страна на деловните субјекти, но исто така рече дека сите капацитети ќе бидат впрегнати за намалување на даночната евазија и спречување на нелојалната конкуренција.

„Веројатно јас сум првиот премиер на Република Македонија кој доаѓа од деловната заедница и апсолутно ми се познати сите проблеми, маки и можности со кои се соочуваат деловните луѓе. Ќе го искористам тоа мое искуство заедно со сите ваши согледувања и со искуството на сите министри да ги отстраниме сите административни слабости, но и да го унапредиме развојот на стопанството“, порача премиерот Заев.

Зборувајќи за предложениот ребаланс на буџетот, Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, им ги презентираше на присутните претприемачи, стопанственици и бизнисмени економските мерки коишто ќе бидат спроведени по донесувањето на ребалансот и ја побара нивната поддршка и вклученост во реализација на истите.

„Во ребалансот на буџетот вградивме финансиски средства и во делот на привлекување на инвестициите, ги изедначуваме условите на домашните инвеститори со странските инвеститори. Оваа влада продолжува со политиките на поддршка на привлекување на странски инвестиции, новината е што условите ќе важат и за домашните инвеститори“, ги најави премиерот Заев поволностите што ќе ги добиваат и домашните инвеститори од државата.

Свое обраќање пред присутните имаше и Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, кој изрази уверување дека Владата на Република Македонија ќе работи како партнер на стопанството кој ќе помага во решавањето на проблемите и ќе создава амбиент на транспаретна деловна клима.

„Ќе соработуваме со домашните фирми и ќе помогнеме во градење на нивниот капацитет и нивните конкурентни способности да бидат конкурентни кај странските инвеститори и на сите пазари“, рече заменик претседателот задолжен за економски прашања, Анѓушев.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Анѓушев, зборуваше за политиките на владата во енергетиката, транспортот и инфраструктурата и ја истакна важноста на поддршката што Македонија ја доби на Самитот во Трст за изградба на делницата Крива Паланка - Бељаковце.

„Ако сакаме да имаме здрави фирми коишто ќе растат, тие фирми мора да бидат извозно ориентирани. Како влада мора да обезбедиме за вас пазар да биде целиот Балкан, Европа и светот“, порача Заменик претседателот на владата, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На овој заеднички деловен појадок на членовите на Владата на Република Македонија со претставниците на Сојузот на стопански комори на Македонија, беше заклучено дека ваквата плодна соработка продолжува и понатаму во интерес на зајакнување на стопанството и за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД