Заев вечерва се сретнал со Ахмети
Објавено во: Македонија 14 Март, 2017 21:00
Опозицискиот лидер Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва имале средба во седиштето на СДСМ, пренесува ТВ24.
Извори од СДСМ за овој медиум брифираат дека двајцата лидери барале начин како да се придвижат работите за свикување на Собранието. Во таа насока утре Заев ќе има средби и со БЕСА.
Сепак, за утре не се очекува да биде свикано собранието, но очекувањата се дека тоа би можело да се случи до петок. Според извори на Телевизја 24, од Трајко Велјановски партиите ќе бараат да ја свика конститутивната седница која беше прекината.
На средбата се разговарало и за името на идниот претседател на Собранието, но тоа сеуште не е договорено и се бара.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




