07 Октомври, 2024
0.0265

Заев велеше: Чесен политичар не се плаши од една изборна единица

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија да биде една изборна единица - ова е барање на неколку пратеници кои со иницијатива во законодавниот дом бараат промени.

Тие се залагаат за пропорционален изборен модел со една изборна единица а за ваков вид на модел од 2015 позитивно се изјаснуваше и премиерот Заев.

Сега актуелната власт пак во 2018 година исто така беше за една изборна единица.

При една посета на град во Источна Македонија, премиерот велеше дека чесниот политичар не се плаши од една изборна единица.

Тогаш лидерот на СДСМ кажуваше дека неговиот став е за една изборна единица која ќе биде во функција на граѓаните, демократијата и државата.

– Нашиот став за една изборна единица е во функција на граѓаните, демократијата и државата. Ќе спречи да се случат моќни функционери на апсолутистички начин да воспостават режим како што е актуелниот- кажа Заев на една средба со граѓани во Пехчево.

Според него, мнозински модел значи бипартитен систем.

– Со една изборна единица се вреднува гласот на граѓанинот во земјата исто и на дијаспората, рече Заев.

Малите партии веќе неколку години по ред бараат големи промени.

„Понатамошна демократизација е можна само со воспоставување на Македонија како една изборна единица по пропорционален модел, воведување на систем на отворени листи и прифаќање независни листи со собрани 1.000 потписи вкупно од сите изборни единици, наместо 1.000 од секоја изборна единица“. 

Овие заклучоци беа усвоени од учесниците на трибина пред неколку години , „Дали понатамошната демократизација на Македонија е можна без промена на изборниот модел“, организирана од Алијансата за позитивна Македонија, Демократска обнова на Македонија, Демократскиот сојуз и Партијата за демократски просперитет – ПДП, на која учествуваа и претставници од левичарско движење „Солидарност“ и „Ленка“.

„Сметаме дека на овој начин ќе се овозможи поголемо политичко разногласие, со многу повеќе конструктивни политички идеи, а воедно ќе значи и намалување на ризикот од воспоставување на автократски тенденции“, соопштија тогаш учесниците на трибината.

Во Македонија со години наназад на сила е пропорционален изборен модел со шест изборни единици.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил