Заев: Во пријателска атмосфера до двотретинско мнозинство
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 11:56
Зоран Заев, премиерот на Македонија, на брифинг со новинарите изјави дека коалицијата „За европска Македонија“ може без проблем да обезбеди двотретинско мнозинство на избори, но ќе се загуби многу време надвор од роковните рамки на преспанскиот договор, и затоа се оди на варијантата на суптилно убедување на опозицијата.
- Се се исцрпи, се се издебатира, сега да покажеме дали сме за ЕУ и НАТО Тоа што советник во општина Куманово кажал дека има повеќе од 80 пратеници обезбедени за уставни измени не треба да се избрзува, тоа не оди така, станува збор за дијалог и пријателска атмосфера. Ќе покажеме се што знаеме и можеме. Ако нема две третини, преостанува само избори, бидејќи нема друга опција. Ние ќе имаме двотретинско мноизнство преку избори, ама ќе отидат два три месеци и многу изгубено време - рече Заев.
Потврди дека како дел од Спогодбата од Преспа од следната година поинтензивно ќе се разговара и со министерот за наука и образование.
- Се работи за наши ученици и не смееме да им вбризгуваме отров преку книгите. Знам само дека треба да се променат одреден дел од учебниците за односот кон Грција - вели премиерот.
Коментирајќи ги амандманските измени кои вчера ги објави Владата, тој рече дека тие реално ја отсликуваат вистинската ситуација во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




