06 Октомври, 2024
0.0302

Заев вработува, плати од 15 до 25 илјади денари

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Канцеларијата на премиерот Зоран Заев планира да вработи три лица, за плати меѓу 15 и 25 илјади денари. На веб страната на Агенцијата за администрација беа објавени три огласи за вработување. 

Првата позиција е за самостоен референт за протокол при одржување на протоколарни средби во Одделението за протокол, Сектор за односи со јавност и протокол, каде предвидените месечни примања се 15.663 денари. 

Второто место е за помлад соработник за организација на активности помеѓу домашни компании и институции, во Секторот за поддршка на домашна економија, и за овде е предвидена плата од 20.961 денар. 

Со третата позиција, пак, се бара вработување на советник за нормативно правни работи во Секторот за правни работи, за месечна плата од 24.997 денари. 

Покрај другите компетенции што се наведени, кандидатите што ќе се пријават треба да имаат активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, Англиски, Француски или Германски. 

За разлика од првиот и третиот оглас каде што се бара вработување за лице од македонска етничка припадност, за вториот е напоменато дека треба да биде Албанец или Албанка.

Огласите се објавени пред три дена, а рокот за пријавување е 15 дена.

Фактор од Владата побара став за тоа зошто се потребни новите вработувања, односно дали станува збор за испразнети места или, пак, со нив и натаму ќе се зголемува бројот на вработените во јавната надминистрација. Од Владата велат дека огласот е објавен согласно законите.

Огласот објавен на 21 септември 2019 за вработување на три лица за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, е во согласност со Законот за административни службеници. Во однос на условот за етничка припадност истакнуваме дека тоа е според Законот за административни службеници, при тоа користејќи ја алатката Балансер“, велат од Владата во одговорот за Фактор за новите вработувања.







Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил