26 Ноември, 2024
0.1816

Заев за БГНЕС: Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, Бугарија не е фашист, туку наш пријател

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

„Гоце Делчев е револуционер, и за Бугарите, и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија“, и за одринско, и за се.. И тоа е апсолутна реалност, вели премиерот Зоран Заев во интервју за бугарски Бгнес.

На забелешката од новинарот дека тогаш не треба да има никаков проблем да се каже како се чувствувал Гоце Делчев, Заев вели.

„Така е. Ние ги имаме книгите, и тие книги треба да се објават и историчарите тоа да го потврдат, и целото тоа треба да го направиме на најубав начин - како да станеме уште подобри пријатели, уште повеќе да соработуваме, кај младите луѓе да створиме плус атмосфера за да го користат тоа минато како скалило за подобра иднина“, објаснува накедонскиот премиер.

Додава дека ние во земјава веќе, имаме сменето преку дваесетина табли во државата каде што стои бугарски фашистички окупатор. 

„Тоа не е така, Бугарија не е фашизам, Бугарија е нашиот пријател. Ние, двете земји, мора да бидеме доволно паметни да ја искористиме оваа заедничка историја за да изградиме мостови на пријателство“, дециден е Заев.

Новинарот забележува дека  „по таа логика, кога разговарате со госпоѓа Меркел, треба да велите дека се фашисти“. 

Заев со одговор:

„Тоа не е точно. Имало некогаш некоја администрација, во тој момент, на почетокот, после тоа Бугарија се дига заедно со антифашозмот, се бори за слободата, за демократијата, и апсолутно е дел од антифашистичкиот фронт“, е дел од интервјуто на премиерот Зоран Заев. 

Заев во интервјуто информира дека е испратен документ во Бугарија во кој се потенцира дека С Македонија нема територијални претензии, дека нема да се меша во внатрешните работи на Софија и дека нема побарувања за малцинствата.

„Во Меморандумот што треба да биде одобрен од двете меѓувладини комисии стои дека немаме територијални претензии кон Бугарија и дека нема да се мешаме во внатрешните работи на земјата“, вели Заев и додава: „Ние испративме документ, којшто не е за премиерот Борисов или за министерката за надворешни работи Захариева, туку за Бугарите и за Македонците, за да знаат што се случува. Во него напишавме дека немаме територијални претензии и дека нема да се мешаме во внатрешните работи. Во тој документ јасно пишуваме дека немаме ‘малцински‘ претензии. Тој меморандум треба да биде одобрен од двете меѓувладини комисии“. Дополнително, владата на Заев веќе прифатила во заштитата на македонското небо, како дел од НАТО сојузот, освен Грција да се вклучи и Бугарија. 

„Кога ни било тешко, заедно ни било тешко, кога ни било добро, заедно ни било добро. Да ги најдеме тие работи кои што не поврзуваат, затоа што ни е должност на сите граѓани а особено на нас политичарите најмногу, да ги направиме блиски нашите народи, затоа што долги години, децении ги држеа далеку. Различни власти, пред се за врме на поранешна Југославија, пред поранешна Југославија. Ние треба да бидеме заедно заради тоа што сме први соседи“, вели Заев.

Според македонскиот премиер, нема простор за говор на омраза во релациите меѓу двете земји и најавува казни за оние коишто ќе го поттикнуваат.

„Лично, ја потврдувам нашата позиција целосно да му се спротивставиме на говорот на омраза, што мора веднаш да запре. Активистот од ВМРО-ДПМНЕ, кој го запали бугарското знаме, ќе сноси одговорност“, вели Заев. 

На забелешката дека опозицијата надвор зборува едно за Договорот, а во Македонија друго, Заев одговара дека тоа го правеле и кога биле на власт, а го прават и сега како опозиција.

„Ние постигнавме Договор со Бугарија, го постигнавме Преспанскиот договор со Грција. Ги решивме прашањата меѓу двете најголеми заедници во земјата, Македонците и Албанците. Тие не учествуваа во ништо и само создаваа проблеми. Нивната позиција е ‘колку полошо за државата, толку подобро за нивната партија‘, вели Заев. 

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека политиката на Бугарија е живковистичка, и забелешката дека тој веројатно знае оти Тодор Живков повеќе од 30 години не е на власт, Заев го правда Пендаровски дека е пријател на Бугарија, иако не е толку искусен политичар како него. Но, вели Заев, тој целосно е посветен на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и се разбира на интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

„Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, вели Заев.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик