19 Декември, 2025
0.0544

Заев: За да одиме напред, ни треба стабилна Влада

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017 17:56

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска остварил средба со амбасадорите на Р.Германија, Кристине Д. Алтхаузер, на Кралството Шведска, Матс Стафансон и на Р.Полска,Јацек Мултановски во Р.Македонија.

На средбата било констатирано дека интерес на граѓаните и на Република Македонија е да добие стабилна Влада којашто ќе се насочи веднаш кон потребните реформи и кон евро-атлантските процеси.

„Македонија мора да оди напред. Јасна е од изборите мнозинската волја на граѓаните за промени. Затоа побаравме од Ѓорге Иванов, граѓаните и Македонија да не губат повеќе време, да постапи според Уставот и да ми го додели мандатот за формирање нова Влада. Ние очекуваме дека ќе го формираме новото парламентарно мнозинство, со што ќе обезбедиме стабилна реформска Влада, како што одлучија граѓаните“, изјавил Заев.

Заев ги информирал амбасадорите за разговорите со албанските партии како и за основата на Платформата на СДСМ согласно Договорот од Пржино и забелешките нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

„Граѓаните гласаа за квалитетен живот и за перспективна Македонија. Клучот за тоа е што побрзо да се формира новото парламентарно мнозинство. Секоја друга опција значи непотребно враќање на процесите назад, што ќе одземе време, а ништо нема да смени бидејки граѓаните се одлучни и демократските промени се незапирливи, посочил Заев на средбата со амбасадорите Алтхаузер, Стафансон и Мултановски.

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан