ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД АУТИЗАМ: Научниците од Харвард докажуваат
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2023 09:14
Енормното
загадување на воздухот, изложеноста на ПМ честичките, освен што имаат низа
негативни по дишните патишта и резултираат со респираторни заболувања, голем
број експерти ја докажуваат и врската меѓу аерозагадувањето и појавата на
аутизам. Нучниците од Универзитетот Харвард во својата последна студија докажаа
дека зголемената изложеност на воздух загаден со ПМ честички го зголемува
ризикот од аутизам за 31 отсто во третиот триместар од бременоста и за 64 отсто
кај новороденчињата.
Српскиот генетичар Миодраг Стојковиќ за Euronews Србија вели дека постојат студии кои го докажале тоа.
„На пример, жените кои се изложени на вакво загадување на воздухот за време на бременоста, за жал, почесто имаат потомци кои подоцна ќе страдаат од аутизам“, рече тој.
Зголемениот ризик не мора да значи дека ќе се манифестираат аутистичните нарушувања, но овој фактор треба да се земе како предупредување.
Во последните дваесет години бројот на лица со аутизам е зголемен за 30 отсто, вели Стојковиќ. Овој факт може да се објасни и со унапредувањето на дијагностиката, но како причина секако се наведуваат модерниот начин на живот и зголеменото загадување.
Некои претходни студии потврдиле дека загадувањето на воздухот може да има негативно влијание врз когнитивниот развој.
Метеорологот Владимир Ѓурѓевиќ вели дека постојат солидни студии кои покажуваат дека во минатото, бидејќи оловото се користело како додаток на бензинот, имало огромни емисии на олово од издувните гасови на автомобилите.
„Луѓето кои биле изложени на тие големи емисии, акумулирале олово во нивните тела вдишувајќи го од воздухот, и било забележано дека имаат намалени когнитивни способности“, вели тој.
EPA-EFE/RAJAT GUPTAМожеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




