12 Декември, 2019
0.0173

ЗАГАДУВАЊЕ: Надлежните се прават наудрени, а ситуацијата е алармантна!!!

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2016

Загаденоста на воздухот не стивнува. Концентрацијата на штетните честички ПМ10 во речиси сите градови е над дозволените градови. Во текот на вчерашниот ден најголема концентрација на ПМ 10 е измерена во Битола, 315 милиграми  на метар кубен и во Кичево 237 милиграми на метар кубен.Во Скопје висока загаденост и присуство на ПМ10 над дозволените граници е измерено во Лисиче, Ректорат, Гази Баба, Центар, Карпош. Претходните денови зголемена концентрација на ПМ 10 беше измерена и во Куманово 409 милиграми на метар кубен, Тетово, Велес, каде што во текот на вчерашниот ден концентрацијата на ПМ 10 беше под 100 милиграми на метра кубен, но и натаму над дозволените граници. Анализите од Финска за причините за загадување на воздухот кои беа пратени уште лани, за Скопје и Тетово се уште не се пристигнати. Министерот за животна средина за телеивизјата Алсат-М изјави дека единствено е готова анализата за општина Карпош, која покажала дека во оваа општина најголем загадувач се автомобилите, горивото за греење и индустриските капацитети. 

Од Институтот за јавно здравје алармираат загадувањето на воздухот е меѓу првите пет причини за инвалидност и смртност на населението  во Македонија. Во еден од извештаите Светска банка предупреди дека во Македонија  годишно умираат 1300 луѓе, како последица од загадувањето на воздухот.Надлежните излегоа со препораки, но граѓаните бараат конкретни решенија. Експертите велат дека решение има и оти иако е долгорочен процес сепак е остварлив. 

Едно што препораките се однесуваат на веќе пропишани задолжителни активности според Закон за животна средина, а друго што вакви вонредни мерки имаат само за цел да ги заштитат граѓаните од акутна изложеност на загадување, но ова не се мерки за решавање на загадувањето, вели во интервју за Фактор Марија Ѓорчева, инженер за животна средина.

Ѓорчева минатата година изработи анализа на  загадувањето на воздухот во последните 12 години. Во анализата беа споредени активностите што се преземени кои влијаат на квалитетот на воздухот, но анализата покажа дека иако загадувањето на воздухот и мерките се документирани, сепак преземените мерки од надлежните институции односно власта, се спротивни, и наместо спречување на загадувањето водат кон негово зголемување.

Фактор:Состојбата со загаденоста на воздухот секоја година овој период е алармантна, мерните станици мерат висока концентрација на штетните ПМ 10 честички и по неколку пат над дозволените на граници.Постои ли решение за аерозагадувањето?

Ѓорчева:Решение за загаденоста на воздухот секако дека постои. Справување со аерозагадување во урбани средини е комплексен и долгорочен процес, но остварлив. Постојано мора да се превземаат мерки во неколку сектори истовремено, индустрија, сообраќај, урбанистичко планирање, пошумување, енергетски сектор, управување со отпад, комунална хигиена. И можеби една од најважните активности е спроведување на закони и мерки и континуирано контролирање.

Фактор:Лани направивте анализа за загадувањето на воздухот за изминативе 12 години, што покажа анализата?

Ѓорчева:Анализата за загадувањето на воздухот во Скопје е направена исклучиво од јавно достапни информации, објавени во извештаи, публикации, еколошки планови и стратегии од Министерство за животна средина, како и податоци од Државен завод за статистика.

Анализата покажува дека релевантните институции со години ги регистрираат сите слабости и пропусти  кои придонесуваат за аерозагадување.Ги посочуваат и главните извори на загадувањето. Но мерките кои се спроведуваат се сосема спротивни на донесените заклучоци.

Според  Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) за Скопје од 2003 година, сообраќајот е втор главен виновник за загадувањето на воздухот, после енергетскиот и индустрискиот сектор, а Владата презема мерки за стимулирање на купување на уште повеќе возила и дозволи увоз на стари возила (Еуростандард 1 и 2). Во 2015 година, го воведуваат Еуро 4 стандард на мотор, кој во ЕУ е воведен пред 11 години. Во ЕУ од 2014 година воведен е Еуро 6 стандард на мотор. Во истиот план пишува и дека „градот според бројот на регистрирани возила и нивната густина на еден квадратен километар ги надминува градовите во развиените земји“, а Владата ја зголеми површината наменета за автомобили уште повеќе, со проширување на улиците, и тоа на сметка на зеленило и пешачки патеки. 

Додатно, тротоарите ги одзеде од пешаците и ги пренамени во платени паркинзи, а подобрувањето на  јавниот превоз се сведе на шминкање. Според податоци од Државен завод за статистика, а објавени и од Министерството, најголем удел во вкупниот број на возила имаат возилата со старост над 10 години, (патнички автомобили- помеѓу 14,43 и 17,7 години; автобуси - променлив тренд на опаѓање и растење и се движи помеѓу 20 и 15,3 години; камиони – помеѓу 16 и 14,1 години; влечни возила – тренд на опаѓање во периодот од 2001 до 2014, и се движи помеѓу 16,12 и 12,01 години).

Фактор:Кои се главните најголеми загадувачи?

Ѓорчева: Според ЛЕАП од 2011 година, како и во сите годишни извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје, стои заклучокот дека енергетскиот и индустрискиот сектор учествува во емисија на ПМ честички со најголем процент. Како резултат на ова сознание Владата се одлучува за одложување на процес на воведување интегрирани еколошки дозволи. Наместо тој да заврши во 2008 година одложен е за 2014 година, а за некои капацитети и за 2018. Во исто време, не врши редовни контроли на индустриските капацитети.Според ЛЕАП од 2011 година, во вкупната емисија на ПМ честички домаќинствата учествуваат со скоро 18 отсто. Владината мерка во 2015 година беше субвенции за огревно дрво, а во 2016, на само десетина дена пред почеток на грејната сезона, Градот Скопје понуди субвенции за печки на пелети и ги  подели на вкупно 196 домаќинства.

Фактор:Колку сечата на дрвјата, непланската градба и старите автомобили дополнително ја зголемуваат загаденоста на воздухот?

Ѓорчева:За улогата на дрвјата во намалување на аерозагадувањето, ќе ви посочам податок од студија правена за градот Њујорк (Nowak, D.J. and Crane, D.E. 2000. The Urban Forest Effects (UFORE) Model: quantifying urban forest structure and functions. In: Hansen, M. and T. Burk (Eds.) Integrated Tools for Natural Resources Inventories in the 21st Century. USDA Forest Service General Technical Report NC-212. St. Paul, MN. pp. 714-720.), во 1994 година, дрвата во градот отстраниле отприлика 1,821,000 кг полутанти од воздухот, или 9,5 милиони американски долари, вредност пренесена како сума која му се враќа на општеството. Состојбата со дрвата од Скопје според ЛЕАП од 2011 година, „Генерално, сегашната состојба со зеленилото во градот укажува на потребата од негова обнова и реконструкција. Тоа во прв ред се однесува на дрворедите, на старите насади во парковите, како и на сите оние површини од кои треба да се отстранат пропустите и недостатоците направени во еден подолг период“. Во исто време, според податоци од Државен завод за статистика превземени од публикации на Министерството, стои заклучок дека од 2009 до 2014 година, на ниво на целата земја, има пад од 73,2 отсто на пошумена површина со нови шуми.

Фактор:Градот Скопје  речиси секоја година ги презентира истите препораки и мерки за превенција, дали се сведовме само на тоа како да се заштитиме, а не како да се спречи и реши проблемот?

Ѓорчева:Препораките до граѓаните од Градот Скопје се замислени како вонредни мерки во услови на повеќедневно континуирано високо ниво на загадување. Едно што препораките се однесуваат на веќе пропишани задолжителни активности според закон за животна средина, а друго што вакви вонредни мерки имаат само за цел да ги заштитат граѓаните од акутна изложеност на загадување. Ова не се мерки за решавање на загадувањето.За тоа колку надлежните вистински се бават со решавање на проблемот со аерозагадувањето и колку волја имаат, зборуваат мерењата за загадувањето, како и големината на сумите вложени за подобрување и унапредување на животната средина, според податоци од Индикатори на животна средина од надлежното Министерство, („Односот меѓу трошоците за заштита на животната средина и бруто домашниот производ е важен индикатор за заштита на животната средина во однос на целокупната економска активност. Во периодот од 2013-2014 година учеството на трошоците е околу 1,3% од БДП, односно 1,06 во 2015 година.“).

Фактор:Имаме ли институционален капацитет и волја за решавање на овој проблем кој сериозно влијае врз здравјето на луѓето?

Ѓорчева:За жал, се' досега покажува дека надлежните не се заинтересирани за решавање на проблемот.  Од неангажираност со години за неисправните мониторинг станици, до отсуство на било какви релевантни активности за намалување на загадувањето.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Во три градови екстремно загадено

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Во три градови екстремно загадено

Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

Ја загуби битката со ракот: Почина Јана Арсовска

Ја загуби битката со ракот: Почина Јана Арсовска

СТАРТУВА ВИКЕНДОВ: Прагот на алармирање за загадувањето од 188 се спушта на 175 милиграми на метар кубен

СТАРТУВА ВИКЕНДОВ: Прагот на алармирање за загадувањето од 188 се спушта на 175 милиграми на метар кубен

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Прогласен е крај на епидемијата на морбили

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Прогласен е крај на епидемијата на морбили

Кои се новите амбасадори?

Кои се новите амбасадори?

За легализација на дивоградбите ќе се плаќа 150 отсто од комуналиите

За легализација на дивоградбите ќе се плаќа 150 отсто од комуналиите