20 Декември, 2025
0.0536

ЗАГАДУВАЊЕТО АЛАРМАНТНО: Надлежните мудруваат, додека се гушиме во црнило од воздух!

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2016 12:30

Добивај вести на Viber

Главниот град и градови ширум земјава не престануваат да се гушат во загадениот воздух, токму тоа е и причината денеска во 17 часот Скопјани да излезат на протестен марш кој ќе се одржи пред Фонтаната во градскиот парк.

Граѓаните на социјалните мрежи апелираат ли апелираат, преземете конкретни мерки за чист воздух.

Мерните станици секојдневно покажуваат висока концентрација на штетните ПМ 10 честички која достигнува и до 900 милиграми на метар квадратен. Најголеми извори на загадување со тешки метали во Македонија се индустриските и урбаните активности, но конкретно воздухот најмногу го загадуваат фосилните горива, било да се контролирани или неконтролирани во домаќинствата или депониите. Згаденоста на воздухот е најголема во Скопје, Битола, Велес, Куманово. Од Градот Скопје секоја година најавуваат и спроведуваат мерки, но дали е тоа доволно?

Екологистите и дел познавачите на оваа проблематика велат дека итно се потребни мерки, а надлежните да реагираат не само да предупредуваат и да најавуваат.

Невена Смилевска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ вели дека Согласно Предлог планот за управување со загадувањето на амбиентниот воздух во Македонија изработен од Еко-свест и партнерските организации кои делуваат на полето на животната средина, неопходно е преземање мерки во повеќе сектори истовремено. 

Како пример за некои од мерките во сообраќајот, потребно е зонирање на движењето на возилата кои загадуваат над одредена граница во деновите со високо загадување, додека како постојани среднорочни и долгорочни мерки потребно е стимулирање на користењето на јавниот превоз, електричните возила и одржливиот транспорт (велосипедски транспорт и пешачење). Во мерките за домаќинствата, меѓу другото, дадени се препораки за користење на ефикасни печки доколку се гори дрво за добивање на топлинска енергија, како и користење на суво дрво кое поефикасно гори со помалку емисии во воздухот. На долг рок, неопходно е да се дестимулира користењето на огревно дрво за сметка на користење на парното греење, бидејќи на тој начин истовремено се намалуваат и аерозагадувањето и енергетската сиромаштија. Секако, и подобрувањето на енергетската ефикасност на домовите и јавните објекти, како и искористувањето на новите обновливи извори на енергија, на подолг рок ќе имаат значително влијание во намалувањето на аерозагадувањето, особено земајќи предвид дека околу 80% од нашата електрична енергија се произведува од јаглен.

Марија Ѓорчева, инженер за животна средина минатата година изработи анализа на  загадувањето на воздухот во последните 12 години. Во анализата беа споредени активностите што се преземени кои влијаат на квалитетот на воздухот, но анализата покажа дека иако загадувањето на воздухот и мерките се документирани, сепак преземените мерки од надлежните институции односно власта, се спротивни, и наместо спречување на загадувањето водат кон негово зголемување.

„Решение за загаденоста на воздухот секако дека постои. Справување со аерозагадување во урбани средини е комплексен и долгорочен процес, но остварлив. Постојано мора да се превземаат мерки во неколку сектори истовремено, индустрија, сообраќај, урбанистичко планирање, пошумување, енергетски сектор, управување со отпад, комунална хигиена. И можеби една од најважните активности е спроведување на закони и мерки и континуирано контролирање“, вели Ѓорчева за Фактор.

Таа посочува дека препораките на градот не се мерки за решавање на загадувањето.

„За тоа колку надлежните вистински се бават со решавање на проблемот со аерозагадувањето и колку волја имаат, зборуваат мерењата за загадувањето, како и големината на сумите вложени за подобрување и унапредување на животната средина, според податоци од Индикатори на животна средина од надлежното Министерство, („Односот меѓу трошоците за заштита на животната средина и бруто домашниот производ е важен индикатор за заштита на животната средина во однос на целокупната економска активност. Во периодот од 2013-2014 година учеството на трошоците е околу 1,3% од БДП, односно 1,06 во 2015 година.“).“, посочува Ѓорчева .

Реагираат и партиите

Од партијата на СДСМ велат наместо милионите потрошени за барокни фасади, споменици и панорамско тркало, би било подобро да им се дадат субвенции на граѓаните за купување пелети.

Од партијата ДОМ побараа прогласување вонредна состојба поради енормното загадување. Оттаму потсетуваат дека како последица на екстремното загадување, во Македонија се регистрирани 1200 смртни случаи и загуба од 250 милиони евра годишно.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки