10 Декември, 2025
0.0863

ЗАГРЕПСКИОТ АЕРОДРОМ „ЌЕ СЕ ПОДНОВИ“: Ќе добие хотел и трговско - деловен центар во вредност од 40 милиони евра

Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2025 10:55

Добивај вести на Viber

Ранко Илиќ, директор на аеродромот во Загреб, за подготовките за голем деловен пробив во наредните години.

Аеродромот во Загреб е подготвен за голем деловен пробив во наредните години. Во фокусот е развојот на инфраструктурата, особено дополнителните капацитети кои треба да ја усогласат компанијата со светските трендови, што на целата област ќе и даде дополнителна атрактивност. Во разговор за poslovni.hr, директорот Ранко Илиќ, вели дека видлив позитивен тренд во патничкиот сообраќај бележи аеродромот „Фрањо Туѓман“, ланската 2024 година, кога беше постигнат рекорден број патници со 4,3 милиони.

-Со цел понатамошен развој на капацитетите, ја препознавме изградбата на хотелот како еден од првите чекори во развојот на комплементарната инфраструктура на аеродромот, зголемувајќи го квалитетот и опсегот на услуги до крајните корисници, што во иднина ќе биде проследено со проширување со други објекти, згради со канцеларии за изнајмување, конференциски центар и други погодности, се со цел да се реализира глобално попопуларниот концепт Аеродром Град. Со изградба на хотел во областа на аеродромот Фрањо Туѓман, ќе се приклучиме на редот на аеродроми кои ги следат светските трендови и оние кои инвестираат значителни ресурси во развивањето на понудата за своите корисници. Исто така, важно е да се напомене дека аеродромот Фрањо Туѓман е мини-хаб на Star Alliance поради присуството на матичната авиокомпанија Croatia Airlines, како и базата на Ryanair, што ни дава дополнителна моќ и привлечност, сè на сè, хотелот на аеродромот е додадена вредност за аеродромот „Фрањо Туѓман“, и за Загреб и за Загребската жупанија, но и придонес за севкупниот развој на туризмот и транспортот во Хрватска.

Вредност на проектот – 40 милиони евра

Според физибилити студијата што ја изработивме, вкупната инвестиција е на ниво од 40 милиони евра. Како основа е искористен идеен дизајн во кој хотелот има 172 соби.

Покрај хотелот, до аеродромот во Загреб би се изградил и голем трговски и деловен центар. Очекуваме капацитети кои од една страна ќе бидат исплатливи за инвеститорот, а од друга страна ќе го зголемат бројот на патници и задоволството на патниците на аеродромот „Фрањо Туѓман“. Првичните идеи беа поврзани со конгресниот туризам, но ни се чини дека проектот би бил многу поисплатлив во варијантата на здравствен туризам (на пример, стоматолошки или естетски).

Ќе оставиме на инвеститорот да одлучи што сака. Во секој случај, ќе побараме да се остават голем број сали за состаноци, се за да се овозможи организирање на деловни и други состаноци во рамките на комплексот. Ова е вообичаена практика и не очекуваме некакви недоразбирања по ова прашање.

Земјиштето е нешто помалку од 20.000 метри квадратни, има правилен облик и сета потребна инфраструктура, се наоѓа во непосредна близина на стариот аеродромски патнички терминал и има одлични врски со јавен превоз до новиот аеродромски патнички терминал и центарот на градот.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!