07 Октомври, 2024
0.0310

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Трговската размена падна за 11,8 отсто!

Објавено во: Економија 30 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Во првите три месеци од годинава, вкупната трговска размена во земјава изнесува 2.482.051.000 долари, и тоа е за 11,8% помала во однос на лани истиот период. Според податоците, може да се забележи дека има пад и на страната на увозот и на страната на извозот.Односно, во периодот од јануари до март годинава увозот изнесувал 1.456.975.000  долари, при што имаме намалување за 14,3%, додека пак на страната на извозот намалување за 8,1%, односно извозот во првите три месеци од годината изнесувал 1.025.076 .000 долари. Намалувањето на трговската размена во првото тримесечие може да се должи на три тенденции, смета универзитетскиот професор Марјан Петрески.

„Првата е големиот раст на извозот и увозот минатата година, главно поттикнат од работата на странските фабрики, што условува висока споредбена основа. Забавување на растот на трговската размена, па дури и нејзиното намалување може да значи дека растот минатата година бил над својот потенцијал. Втората тенденција е сеуште потиснатата побарувачка на странските пазари, односно попрецизно кажано, отсуството на посериозни знаци на пораст на надворешната побарувачка. Третата тенденција се опаѓачките цени на некои производи кои имаат значаен удел во нашиот извоз, првенствено металите, особено во месеците февруари и март. На крајот, секако, не би сакал да исклучам дека и политичката конотација во која се наоѓаме врши одредено влијание врз сентиментот на производителите, иако според последните податоци од Државниот завод за статистика, деловните тенденции во преработувачката индустрија бележат подобрување во првите три месеци од годинав, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Во првите три месеци од годинава, Македонија има увезено храна и живи животни  за сума од 134 милиони долари, а пијалоци и тутун за сума од 12 милиони долари, потоа увозот на минерали горива  изнесува 182 милиони долари, хемиски сродни производи се увезени за сума од 187 милиони долари, машини и транспортни уреди за сума од 270 милиони долари. Додека пак во периодот од јануари до март годинава, Македонија има извезено храна и живи животни за сума од 62,6 милиони долари, што е за 10% помалку од лани, потоа извозот на пијалоци и тутун изнесува 40 милиони долари, што е исто како и лани. Хемиски сродни производи од земјава за три месеци се извесени во износ од 220 милиони долари, а машини и транспортни уреди се извезени за сума од 238 милиони долари , и при тоа тука има зголемување на извозот за 7,5%. Во земјите од ЕУ28 извозот на Македонија е намален за 9,7% и изнесува 806.795.000 долари за првите три месеци, додека во земјите од ЕФТА има раст на извзот за 8,9% и изнесува 16.597.000 долари. Македонија има намален  извоз за 21, 9%  и во земјите од Западен Балкан и за првите три месеци таму се извени стоки за сума од 107.981.000 долари. Раст на извозот Македонија регистрира кај земјите од Северноамериканската зона на слободна трговија каде пласираме стоки за сума од 14.204.000 долари и во Организацијата за економска соработка на земјите од Азиско-пацифичккиот регион, каде исто така за првите три месеци од годинава сме пласирале стоки во износ од 39.233.000 долари. Во однос на увозот земјава регистрира намален увоз за 14,9% од земјите од ЕУ28, додека увозот од земјите од Западен Балкан е намален за 19,7%. Извоз и увоз по земји На германскиот пазар за три месеци Македонија има извезено стоки во вредност од 452.364.000 долари, додека пак од таму имаме направено увоз во износ од 159.460.000 долари. Во Велика Британија земјава има извезено 12.420.000 долари а увезено 210.426.000 долари. Потоа на српскиот пазар земјава извезла производи во износ од 41.334.000 долари,а оттаму сме увезле производи за сума од 114.810.000 долари. Слична е трговската размена и со Грција. Па така, во Грција, земјава за три месеци има извезено 41.620.000 долари, додека пак има увезено производи за сума од 109.416.000 долари. На бугарскиот пазар, Македонија извезува 65.299.000 долари, додека пак оттаму сме увезле производи за сума од 73.666.000 долари. Извозот на Кина изнесува 37.000.000 долари, а увозот оттаму 89.697.000 долари. На италијанскиот пазар сме пласирале производи за сума од 49.031.000 долари, а сме увезле 77.803.000 долари. Само 17.056.000 долари сме пласирале на турскиот пазар, додека оттаму имаме увезено производи за сума од 64.618.000 долари. Во Русија земјава направила извоз од 6.813.000 долари, додека пак увозот изнесува 71.479.000 долари. Еве како изгледа структурата на размената со другите земји:

 izvoz

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип