09 Јануари, 2025
0.0297

Загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво - тажна приказна од нашето секојдневие

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Беспарицата станува се поголем проблем, особено за родители со ниски примања, кои децата ги испраќаат во училиште со многу малку храна, па дури и суво лепче. 

Со ваква непријатна ситуација со соочи една наша учителка која своето искуство го сподели со јавноста, преку свој пост на Фејсбук. Таа директно прашува зошто нема училишниот оброк за сите деца во македонското образование и зошто здравјето на децата не е на прво место во земајва. 

Голем одмор...Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го ....". Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво... Оффф ГОСПОДЕ 

немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели .... Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата... Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели" 

Во моментот милион емоции ме облија, душата ме боли, срцето ми се скрши. Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации? Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. БОЛНО, многу болно.

Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!

Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства...



Постот предизвика лавина од реакции кај нашите сограѓани, од кои дел револтирано коментираат колку е погрешна политиката во земјата, особено образовната. 

Но, имаше и такви кои понудија помош за момчето, за да се обезбеди секојдневно здрав оброк за него. 

Но, она што загрижува е што кон постот на „нашата хероина“ се приклучија и други учителки кои посочија дека се забележува зголемување на бројот на деца кои во училиште доаѓаат без храна или со храна која е „најевтина“. 

Многубројни беа коментарите насочени кон евтината храна за политичарите во Собрание, или за владините претставници кои се гоштеваат со бифтеци и морска храна, како и за фактот дека осудениците добиваат бесплатна храна, но не и децата во земјава. 

*сликата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kостадинов предлага обединување на Македонија со Бугарија, македонските политичари ја осудија изјавата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kостадинов предлага обединување на Македонија со Бугарија, македонските политичари ја осудија изјавата

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КОСТАДИНОВ: Toa e непристоен предлог

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КОСТАДИНОВ: Toa e непристоен предлог

КРАДЕЛЕ НАКИТ, ПАРИ, ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ: Тројца Македонци се уапсени во Хрватска

КРАДЕЛЕ НАКИТ, ПАРИ, ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ: Тројца Македонци се уапсени во Хрватска

АЛАРМАНТНО: Во Кичево и Битола воздухот е многу високо загаден

АЛАРМАНТНО: Во Кичево и Битола воздухот е многу високо загаден

(ВИДЕО) АХМЕТИ НЕ ЗАГУБИЛ НИТУ ЕДНА БИТКА: Членови на ДУИ споделуваат воено видео од лидерот

(ВИДЕО) АХМЕТИ НЕ ЗАГУБИЛ НИТУ ЕДНА БИТКА: Членови на ДУИ споделуваат воено видео од лидерот

ОШТЕТЕНА ВРАТА И ДВА ПРОЗОРЦИ: На Божик непознати сторители ја искршиле црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово

ОШТЕТЕНА ВРАТА И ДВА ПРОЗОРЦИ: На Божик непознати сторители ја искршиле црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово

ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Виктор Стојанов најави панихида во Скопје за Мара Бунева

ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Виктор Стојанов најави панихида во Скопје за Мара Бунева

МНР ЗА ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Oчекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме

МНР ЗА ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Oчекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме

СДСМ ПРЕДЛОЖИ МЕРКИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болните

СДСМ ПРЕДЛОЖИ МЕРКИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болните