25 Април, 2024
0.0265

Загубарите потонаа 9 милиони евра за 9 месеци!

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Охис, ЕМО и прилепскиот Тутунски комбинат само за првите девет месеци натрупаа безмалку 9 милиони евра загуба. Какви се финансиските резултати на Еурокомпозит од Прилеп нема податоци. Ниту Македонската берза, ниту Комисијата за хартии од вредност, ниту пак официјалната интернет страница на загубарот нудат информации за работењето на загубарот.. Катерина Попоска Државните компании не престануваат да билдаат загуби. Точно 8,6 милиони евра потонаа загубарите Охис, ЕМО и Тутунски комбинат од Прилеп. Вкупниот минус на загубарската четворка, надополнета со Еурокомпозит од Прилеп, за сега не е познат бидејќи ниту Комисијата за хартии од вредност, ниту Македонската берза не нудат детаљи како Еурокомпозит работеше во првите три квартали од годинава. Во првите девет месеци од годинава ОХИС и ЕМО направија загуба од по 3 милиони евра, додека Тутунскиот комбинат од Прилеп евидентира загуба од 2,6 милиони евра. Европската криза виновна за загубата на ЕМО?! Загубата од 3 милиони евра од ЕМО ја правадаат со намалените обртни средства за отпочнување нови проекти. Во првите девет месеци ЕМО инкасираше речиси 4 милиони евра од продажба, за разлика од остварените 7,8 милиони евра за истиот период лани. Работата на домашниот пазар на ЕМО му донесе 3,4 милиони евра, за разлика од остварените 6,6 милиони евра лани. Загубарот бележи и пад на приходите од продажбата на странските пазари за 55%, од 1,2 милиони евра лани, до речиси 540.000 евра за првите три квартали оваа година. Според податоците на Македонската берза, вработените го чинеа загубарот 2,9 милиони евра, наспроти 3,3 милиони евра лани. “Загубата која ЕМО АД и поврзаните друштва ја остварија заклучно со 30.09.2012 година, од 184.645.000 денари се должи пред се на економската криза која ја зафати Европската Унија, а посебно земјите од Балканот, со што се намалени инвестициите во енергетскиот систем. Исто така, во тек е и планот за реорганизација и преструктуирање на компанијата, што доведува до поотежнат тек на производството. Се очекува и до крајот на годината загубата да се зголеми поради наведените причини. Наредната година очекуваме подобри резултати“, образложува менаџментот на ЕМО. Во време кога приватните компании Сокотаб, Струмица табак, Империјал тобако и Lions One работат профитабилно и влегуваат во топ 50 најголеми извозници од земјава, државниот Тутунски комбинат од Прилеп тоне во милионски загуби. Зошто? Точно 16,6 милиони евра инкасираше Тутунски комбинат од Прилеп (ТКП) од продажба на цигарите во периодот јануари-септември годинава, што е 7,2 милиони евра повеќе (76%) во споредба со приходите од продажба за истиот перуиод лани. Ова не беше доволно комбинатот да работи во позитива годинава. Од продажба на домашниот пазар ТКП инкасираше 15,3 милиони евра (6,3 милиони евра повеќе од лани) и 1,3 милиони евра од продажба на странските пазари, што е за 890.000 евра повеќе  во споредба со остварениот приход од продажба во странство во првите девет месеци лани. Според консолидираниот деветмесечен извештај, трошоците за вработените го чинеа ТКП 3,6 милиони евра, наспроти 3,3 милиони евра лани.  Расходите по основ на камати, курсни разлики и слични расходи изнесуваат  близу 700.000 евра, за 70.000 повеќе во споредба со истиот период лани. За амортизација, загубарот потроши 750.000 евра годинава. Во јули минатата година, генералниот директор на Комбинатот, Александар Дерменџиев склучи договор со две кинески компании за производство на цигарите „јин-јин“ и „99“, при што уверуваше дека токму овие зделки трипати ќе ја зголемат продукцијата на комбинатот. Тутунскиот комбинат од Прилеп ја заврши 2011 година со загуба од неверојатни 20,6 милиони евра. ОХИС чека купувач-билансите покажуваат 3 милиони евра загуба! Со долг кон вработените од 2,4 милиони евра за првите девет месеци од годинава, загубарот ОХИС по деветти пат чека “сламка за спас“. Анализите на консолидираниот деветмесечен финансиски извештај покажуваат дека ОХИС ја зголемил загубата за 87,5% на годишно ниво. Лани првите три квартали овој некогашен хемиски гигант, сега загубар ја заврши со негатива од 1,6 милиони евра, наспроти сегашните 3 милиони евра. ОХИС евидентира и пад на приходите за 50%, од минатогодишните 5,4 милиони евра, до сегашните 2,7 милиони евра. Од продажба на домашниот пазар, ОХИС во првите три квартали инкасираше 2,6 милиони евра, наспроти остварените 4,6 милиони евра лани. Помалку пари ОХИС собра и од продажба на странските пазари годинава за половина милион евра. Загубарот единствено прикажува поголеми останати оперативни приходи за периодот јануари-септември годинава од 180.000 евра, за разлика од остварените 77.600 евра за истиот период лани.   Им се готви ли стечај на загубарите?! Во очекување на купувач, извори од Владата коментираат дека иако стечајот и ликвидацијата не се првото решение по кое би посегнале, сепак, ако ситуацијата и понатаму не се подобрува, загубарската голгота на крајот може да заврши и со стечај. Додаваат и дека во следниот период треба да се искристализира одлуката - ќе ги покрива ли Владата и понатаму загубите на ЕМО, Охис, Еурокомпозит и ТКП додека бара стратешки инветитори, ќе чека директорите да ги заживеат фабриките или, пак, ќе ги однесат во стечај.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија