Захариев заминува од директорското место во Бирото за лекови
Објавено во: Мои пари 27 Март, 2013 19:36
Максимално ефикасно работење, непостоење бирократски процедури, стручен кадар максимално посветен се принципи на работење по кои сме препознатливи во Бирото за лекови. Имаме германска дисциплина во работењето, швајцарска прецизност и точност, италијанска елеганција, шведска перфекција и секако онаа убавина што постои, македонска, во она што ние го сработуваме, изјави денеска директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев на кој се повлекува од директорската функција во Бирото откако беше избран за градоначалник на Штип.
„Бирото за лекови е средена институција. Тој што ќе дојде после мене ќе му биде полесно бидејќи има средена состојба. Можеби ќе му биде малку потешко бидејќи треба да работи како мене. Во Македонија има 2.000 фармацевти, сите имаат свои квалитети. Мислам дека во Бирото ќе го избереме најдобриот кој ќе може да се носи со предизвикот да биде директор на Бирото. Моја желба е на местото директор да биде вработен од Бирото за лекови бидејќи ни треба човек кој ги знае работите,“ рече Захариев.
Тој потсети и дека во периодот на неговото директорување се донесени неколку важни закони, стотици правилници, аптеките се снабдени со лекови, а нивните цени се намалени за да бидат подостапни за граѓаните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





