Захариева: Идејата за македонизмот е креација на Белград, врските меѓу Македонија и Србија не се прекинати

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2021 11:16
Враќањето на српскиот јазик во училиштата во Република Северна Македонија ги побива некои ставови дека се прекинати врските
со Србија и Русија, изјави
вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина
Захариева, пренесува БГНЕС.
Таа потсети дека македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва.
-За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за бТВ.
Според неа, ваквите постапки се доказ за приближување кон Србија.
БГНЕС потсетува дека на 27 јануари, премиерот Зоран Заев објави дека наставата по српски јазик и култура за учениците од шесто одделение се враќа во македонските училишта. Програмата за VIII и IX одделение во училиштата за општо образование е во фаза на одобрување.
Во духот на „традиционално добрите односи со Република Србија“ во општина Центар во Скопје, завршени се прелиминарните активности за изградба на Српскиот културен центар, чии градежни активности ќе започнат оваа година, изјави пред неколку дена премиерот Зоран Заев, посочува БГНЕС.
Можеби ќе ве интересира
АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“
