Захариева наброја неколку причини зошто се незадоволни од односите со Македонија
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2020
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева вели дека клучен фактор за ветото и најголем проблем во односите меѓу двете земји е неисполнувањето на Договорот за добрососедство.
Објасни дека едностраното прекинување на работата на историската комисија, антибугарската реторика и сопките за бугарските инвеститори се причина за незадоволство.
„Во тој Договор исто така, има текст за едностраните обврски за Македонија за тоа дека нема да има никакви претензии за македонското, т.н македонско малцинство во Бугарија”, рече таа.
Таа повика да се запре и говорот на омраза.
„Ги повикувам колегите од Скопје – помалку емоции, повеќе прагматизам и враќање кон исполнувањето на обрските од двостраниот Договор”, изјави министерката.
Захариева пред пратениците образложи дека се инсистира добрососедството треба да стане дел од преговарачката рамка, затоа што тоа е најсилната гаранција за Бугарија дека потпишаните документи ќе бидат исполнети.
За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство, вели европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за Северна Македонија, Илхан Ќучук во интервју за Бугарското национално радио (БНР).Македонскиот премиер Зоран Заев деновиве изјави дека чувстува горчина поради бугарското вето за Македонија за старт на преговорите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.