Захариева по средбата со Бучковски: Лажни информации за вето и за оспорување на самоопределувањето
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020
„Антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија, ширење на лажни информации - дека ставивме вето, на пример, и дека го оспоруваме самоопределувањето - тие работи сигурно не помагаат, туку попречуваат градење доверба со Северна Македонија “, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по средбата со специјалниот претставник Владо Бучковски во Софија.
Доцна синоќа, македонската влада објави реакција дека бугарското вето на преговарачкиот процес за влез на Македонија во ЕУ е неодговорна геостратешка грешка
„Погрешно е да се нарекува вето. Ова е неодобрување на рамката за преговори. Нема сомневање дека сме во деликатна фаза од нашите односи “, категорична е Захариева.
Според неа, Бугарија предупредувала за непочитување на Договорот за добрососедството со месеци.
„Неколку работи - еднострано блокирање и политизирање на работата на Комитетот за историски и образовни прашања, административни бариери за деловно работење, неформална поддршка на организации со претензии кон македонското малцинство во нашата земја итн. “, рече Захариева.
Таа ја потврди бугарската подготвеност да продолжат разговорите за решавање на споровите меѓу Скопје и Софија.
„Продолжуваме со разговорите за изнаоѓање на одржливо и конечно решение на преостанатите отворени прашања во билатералните односи. Како и наоѓање излез, да и се отвори патот на Република Северна Македонија за рамката за преговори и започнување на вистински преговори за членство во ЕУ “, тврди Захариева.
Таа исто така рече дека за да може некоја земја да биде членка на ЕУ, тоа мора се придржува до билатерални или мултилатерални договори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.