Захариева во последното интервју: Година и пол дена го предупредувавме Скопје
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021
Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија, во своето денешно интервју за „Труд“ вели дека напредокот во односите помеѓу двете земји ќе продолжи кога ќе стивнат емоциите во Софија и Скопје.
- Оваа тема отсекогаш била дел од бугарската политика, не само надворешна. Да, навистина, во последниве години тоа беше видливо, почнувајќи од почетокот со потпишувањето на долгоочекуваниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, по скоро 12 години преговори. Тогаш, се осмелувам да кажам, Бугарија ја направи темата за проширување во Европската унија крајно видлива. Сега, кон крајот на мандатот, се покажа дека е невозможно Бугарија во оваа фаза да каже „да“ на рамката за преговори. Мислам дека кога емоциите ќе се смират во Бугарија, а особено во Северна Македонија - ќе почне да се размислува и постапува порационално и ќе се види дека Бугарија никогаш не била непријател, туку напротив - продолжува да биде искрен пријател. И кога сте искрен пријател, мора да ги посочите проблемите и да барате начин да ги решите, одговара Захариева на првото прашање.
Таа вели дека македонската влада била година и пол предупредувана со сигнали пред блокадата на Бугарија за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ. Како што вели таа, некој внел заблуда во македонската страна дека бугарската ќе биде принудена да се повлекува.
- Во однос на моменталната состојба, мислам дека моите колеги, политичарите воопшто (не само владата) во Република Северна Македонија никогаш не сфатија како работи Европската унија. Тие не реагираа на време на предупредувањата на Бугарија, кои се случија и за време на состаноците на сите нивоа со тамошните политичари, па дури и по јавно усвојување на декларацијата на бугарскиот парламент. Ние постојано им објаснувавме на пријателски начин дека договорите мора да бидат исполнети и дека нема кој да ја принуди Бугарија, како што беше доведен во заблуда Скопје. Ние ги предупредивме најмалку една и пол година пред да ги донесеме заклучоците за проширувањето во март 2020 година. Самиот став на бугарскиот парламент беше одобрен една година порано, а пред оваа позиција ние сигнализиравме и повикувавме постојано за усогласеност со договорот. Во записникот од првиот меѓувладин состанок за спроведување на договорот во 2019 година, на наше инсистирање, имаше заложби за темпото на работа на историската комисија. Овој протокол не беше потпишан само од двајцата министри за надворешни работи, тој беше одобрен од двете влади. Неисполнувањето на оваа обврска ја поткопува довербата на Бугарија во нивната искрена желба да го исполнат овој договор, вели Захариева.
За шефицата на бугарската дипломатија, излезот од кризата лежи во работењето на враќањето на довербата.
- Ние работиме во оваа насока. Не застанавме, не се откажавме во никој случај. Го споменавте господинот Бучковски, работиме со колегите во Скопје на следната меѓувладина средба, која требаше да ја свикаат минатата година, но да речеме дека имало околности што го отежнувале ова. Ние работиме заедно на јасен план во спроведувањето на нашиот договор - да го надополниме изгубеното време. Постојат многу практични и јасни определби што двете страни мора да ги прифатат, мора да има јасна определба дека работата на заедничката историска и образовна комисија повеќе нема да запира еднострано. Ние сакаме да видиме заложби, одлуки кои нема само да се повикуваат на членовите на (историската) комисијата, туку ќе бидат јавни, ќе влезат во учебниците. Се надевам дека кога ќе се вратиме на нашите заложби, ќе се врати довербата, тврди Захариева.
Таа потсетува дека постоело став дека Германија ќе ја принуди Бугарија да се откаже од рамковната позиција одобрена од парламентот, па тоа не се случи, што како што вели, нема ни да се случи за време на португалското претседателство со ЕУ.
- Претседателството рече дека на проширувањето не треба да се брза, и јас целосно се согласувам. Нема смисла да се одржува состанок секој месец без да се напредува во однос на прашањата што ги ставаме на маса. Бугарија не е непријател на Република Северна Македонија и колку побрзо сфати, толку побрзо ќе има корист за нејзините граѓани. Не очекувам притисок од португалски пријатели и колеги, ниту од некој друг. Ние мора да работиме заедно, верува министерката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.