27 Ноември, 2024
0.0271

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Објавено во: Економија 21 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Законот за солидарен данок е изгласан во Собранието на почетокот на оваа недела, но бизнис заедницата и натаму не се помирува, потенцирајќи дека се „удира врз успешните“. Од друга страна, државата еднократно сака да им наплати данок на екстра профит, оти сега е време да возвратат и да придонесат за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза.

Се работи за еднократна давачка, што државата ја воведува за компаниите кои во 2022 оствариле поголем приход од 10 милиони евра. 

Стопанската комора на Северна Македонија ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок. Ова веќе го најави претседателот на Комората, Бранко Азески, синоќа во своето телевизиско гостување. Во интерју за ТВ Телма рече дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд, како и тоа дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.

- Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности практично да егзистираат во овој момент, рече Азески.

Најголемиот аргумент кој го имаат претставниците на крупните бизниси е дека станува збор за селективен пристап од страна на Владата, како и тоа дека голем дел од добивките не се остварени од кризата, туку како резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и други пазарни услови.

Според евиденцијата на Управата за јавни приходи, лани речиси 200 компании пријавиле приход поголем од 10 милиони евра и се очекува од нив во буџетот со данокот на солидарност да се слеат 77 милиони евра.

Бизнис-заедницата неофицијално се противи и на тоа што ова законско решение е донесено со европско знаменце, односно по скратена постапка и без консултации со секторот. Велат дека критериумот е чуден ако се знае дека ќе се даночи делот од добивката на овие компании кој е поголем од просекот од претходните години. 

- Од 2018, од кога се мери просекот на добивките според овој Закон, секоја фирма, и мала и голема, има раст. Која фирма нема раст? Нормално е една компанија постојано да напредува во бројките и секако добивките ќе бидат поголеми од претходните години, вели разочараните инвеститори.

Нивните аргументи се и дека ваков пример има само во неколку европски земји и во никоја од регионот. При тоа, екстра данокот важел само за специфични таргетирани ситуации, како што е примерот со енергетскиот сектор.

- Тој што плаќа данок е дестимулиран, а стимулиран е тој што не плаќа, бидејќи во земјава и тоа како има простор да се наплатат даноци во сивата економија. Најмногу од ова се погодени странските инвеститори кои вложуваат во земјата. Општо познато е дека тие не сакаат „правна“ несигурност, импровизации и непредвидливост, велат управителите кои сакаат да останат анонимни.

Бизнисмените низ неформален разговор сублимираат дека со ваквата владина политика само се стимулира сивата економија и селење на бизнисите во странство. Општ заклучок за нив е дека овој изгласан закон треба да заврши како измените за прогресивно оданочување, кое требаше да започне во 2020, но прво беше одложено, а потоа целосно отфрлено.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции