26 Ноември, 2024
0.0285

ЗАКОНОТ ПРЕДВИДУВА ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Левица поднесе кривична против Нина Ангеловска

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Левица денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против eкс министерката за финансии, Нина Ангеловска за Еуростандард банка, бидејќи додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит од 250.000 евра. 

Тоа се случи непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.

„Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата“, вели членката на Президиумот на Левица, Јована Мојсоска. 

За ова кривично дело е предвидена затворска казна од три години како јавен деликт насочен против службената положба. Банката пропадна во месец август. Во ноември годинава лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги праша надлежните дали водат некаква постапка за Ангеловска за овој случај. 

Тоа беше едно од прашањата кои ги постави  Апасиев на Надзорната расправа за пропаднатата Еуростандард банка до јавниот обвинител Љубомир Јовески. Јовески тогаш рече дека обвинителството ќе преземе дејствија, и оние кои сториле кривично дело ќе одговараат. 

Антикорпуциска отвори постапка, но утврди дека кај неа нема кривична одговорност. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик