07 Октомври, 2024
0.0348

Законски измени за градење – Што предвидуваат?

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Со Законот за градење е предвидено учесниците во изградбата на градби (инвеститор, правни лица за проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата), да имаат осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија, која би можела со нивната работа да им се предизвика на инвеститорите или на трети лица, при што годишната осигурена сума за вкупниот број на градби за учесниците во изградбата на градби од прва категорија не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност, а за градбите од втора категорија не може да биде пониска од 5.000 евра во денарска противвредност, пишува Правдико.

Исто така во постапката за издавање на одобрение за градење е предвидено пред издавањето на одобрението за градење инвеститорот и општината на чие подрачје треба да се гради градбата да склучат договор за уредување на градежно земјиште.

Со предложените одредби се предвидува промена на начинот на осгурувањето за одговорност за штета на учесниците во изградбата на градби (правни лица за проектирање, ревизија на проектна документација, изведување и надзор над изградбата на градби) и се предвидува наведените лица да имаат осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија, поединечно за секоја градба во чија изградба се учесници, а висината на осигурувањето треба да изнесува најмалку 10% од проектираната градежна вредност на градбата утврдена во основниот проект.

Во постапката за издавање на одобрение за градење се предвидува исфрлање на договорот за уредување на градежно земјиште, односно се предвидува инвеститорот надоместокот за уредување на градежно земјиште да го плати еднократно во рок од 15 работни дена од приемот на пресметката за плаќање на надоместокот или пак истиот да го плаќа на рати, со тоа што доколку инвеститорот надоместокот го плаќа на рати истиот е должен во наведениот рок да изврши уплата на првата рата и да достави средство за обезбедување (банкарска гаранција која гласи на вкупен износ на недостасаните рати, наплатлива на прв повик без приговор и чиј рок на важност истекува 30 дена од денот на доспевање на последната рата или востановена хипотека на недвижен имот чија вредност е поголема за 30% од износот на недостигнатите рати во корист на општината).Во таа насока се предвидува  висината и начинот на плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште како и правата и обврските по однос на уредувањето на градежното земјиште да се утврдат во одобрението за градење.

Целиот предлог на Законските измени прочитајте ги тука.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип