08 Август, 2020
0.0288

Закоронизираниот мозок на просечниот Македонец!

Објавено во: Македонија, Колумни 28 Февруари, 2020

Во  земјата на лудаците ( според  исказот на  еден наш поранешен министер),  денеска  ако не полудите, не сте нормален. Добро, дали е нормална  оваа  нагласена, психоделична и хистерична  драматизација околу корона вирусот?!  Нормално, како и секое човечко битие, е очекувано да бидете загрижен, особено што станува збор за вирус кој коси, и човечки животи носи, но паниката, параноидниот  страв и особено ширењето на лажните вести и информации околу оваа состојба, се одлика на еден тотално  дезориентиран  народ.  Се поставува прашањето тогаш, како ние ќе сме се однесувале, доколку сме живееле на географски места каде што има циклични природни катастрофи од невидени размери: поплави, земјотреси, цунами, ветришта кои корнат цели куќи и населби?!  Погледнете ги Јапонците како реагираат на земјотресите, со смиреност и рационалност, па и  покрај тоа што нагонски и природно е да ве фати страв за вас и вашите најблиски при една таква состојба.

Колективно се однесуваме бетер од инфантилни деца!

Фејсбук корона манијата,  овие денови, од кога се интензивираа позитивните случаи на Корона вирусот во Италија, и во некои земји од нашето поблиско опкружување личеше на класичен санаториум. Возрасни, за кои сте сметале дека се интелектуалци, реализирани во својата професија луѓе, шират  параноична паника, па дури ( свесно или несвесно) лажни вести, дотурајќи„ масло на огнот уште повеќе“. Сите сме свесни дека  институциите  во оваа земја  не функционираат како што треба, некои дури ни  воопшто не фунцкионираат, но ние сме  се соочиле  и со катастрофален земјотрес, па на крајот сето   тоа се санирало. Доколку  има пандемија, ајде да прифатиме, овој интензитет на паника да биде правопропорционален со сериозноста на ситуацијата на терен, ама при еден официјално  објавен дека е носител на корона ( ставен во карантин), вие да ги празните рафтовите во маркетите како да е тотална воена состојба, јас логично објаснување, и  не гледам. Доколку ги читаме  релевантните и веродостојни информации за Корона вирусот, што тој значи, колкава е опасноста, кои и какви мерки треба да се преземат за спречување на инфекцијата, како треба да се заштитиме, ќе сфатиме дека и покрај опасноста на вирусот, тој е  со фатални и катастрофални последици по највозрасната категорија на луѓе ( над 75 години), како и врз хронично болните. Стравот дека истиот ќе го изумре човештвото е неоправдан. Некои луцидно забележаа дека многу повеќе во светот умираат од обичен сезонски грип, или пак дури и од глад, но кога станува збор за луѓе во Африка, Азија, и други краишта на светот, нема потреба од  паника. Значи, хистерично носта во нашиот случај,  претставува  себично лицемерие на дело. Дури ако погледнеме наназад со слични случаи на вакви типови на вируси ( птичји грип, свински грип, сарс),  ќе сфатиме дека во овој свет на глобализација, речиси е невозможно херметични да ги затворите границите и да спречите некој да влезе во вашата земја. Картата на светот заразена од свински грип во 2009 година, ги мапира скоро сите светски земји, од  најбогатите до најсиромашните региони.

Нема правда, има корона вирус!

Во предизборна Македонија, освен психопатолошка хистеризација околу корона вирусот, имаме и предизборна . Меѓусебни обвинувања за  тоа  кој повеќе украл, кој е поголем криминалец, кој повеќе ја уназадил и упропастил  Македонија, за на крајот сето тоа  да се сведе на гротескни  „ маршови“ на двете големи, „ мејнстрим“ партии за правда. За каква правда маршираат  тие, кои во изминатите триесет години, правдата ја избркаа од оваа земја, а со нејзиното бркање, избркаа и стотици илјади македонски граѓани?!  За каква правда маршираат тие, кои за се може да се контрираат и да бидат најголеми соперници, но кога станува збор за нивниот материјален интерес ( патни трошоци/ бонуси/ дневници) и за амнестија и неодговорност кога се прекршуваат законите,  се најголеми сојузници и соработуваат носејќи и кроејќи закони кои ним им одогвараат?!  И на крајот , за каква правда зборат тие кои денес ги полнат нашите плоштади со митинзи и маршови,  а  дојдоа од малите провинциски гратчиња од  Македонија  со излитени одела, половни автомобили купени на рати, за денес да бидат „ средностоечки бизнисмени“, со милионски бизниси, хациенди и богатство на кое може да позавиди и еден долгогодишен политичар од Норвешка?! Таа и таква  „правда “ е за нив создадена. Во земјата на  лудаците, тие се богови. Во нормалниот и цивилизиран западен свет таа „ правда“ се вика криминал и сеприсутна корупција. Ниту сме слепи, ниту сме глуви, а најмалку пак глупи за да не видиме што тоа се случува околу нас. Тие кои ја соголеа, ја испокрадоа и ја уништија оваа земја, и иднината на нејзините граѓани, тие се тие кои поделени во два табори „ бараат правда“. Да не беше патетично, ќе беше трагично. Вака е трагикомично, или повеќе  класична состојба, адекватна   за санаториумот наречен „ ние сме лудаци“.

Благојче Атанасовски - политиколог

Можеби ќе ве интересира

Мери Николова Буџаку тврди дека Албанец ќе биде премиер на земјава

Мери Николова Буџаку тврди дека Албанец ќе биде премиер на земјава

АМЕРИКАНЦИТЕ ДА РАЗМИСЛАТ - дали да патуваат во Македонија, ама и во други земји

АМЕРИКАНЦИТЕ ДА РАЗМИСЛАТ - дали да патуваат во Македонија, ама и во други земји

ШТО ГИ СПОЈУВА, А ШТО ГИ ДЕЛИ - ќе се договорат ли старите партнери

ШТО ГИ СПОЈУВА, А ШТО ГИ ДЕЛИ - ќе се договорат ли старите партнери

ДЕЦАТА СЕ ПОБЛИСКУ ДО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ - и Владата и родителите сметаат дека тоа е поисправно

ДЕЦАТА СЕ ПОБЛИСКУ ДО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ - и Владата и родителите сметаат дека тоа е поисправно

Ахмети ќе се откаже од Албанец-премиер, но под еден услов

Ахмети ќе се откаже од Албанец-премиер, но под еден услов

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се преговара за Влада, СДСМ и ДУИ ги договорија начелата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се преговара за Влада, СДСМ и ДУИ ги договорија начелата

Аријанит Хоџа: Ќе лобирам БЕСА да оди во опозиција ако сите други албански партии влезат во владата

Аријанит Хоџа: Ќе лобирам БЕСА да оди во опозиција ако сите други албански партии влезат во владата

Договорени начелата на идната влада меѓу СДСМ и ДУИ

Договорени начелата на идната влада меѓу СДСМ и ДУИ

ВО ОБИД ДА СПАСИ ЕКИПА НА ЕВН: Велешанец исчезна во Вардар

ВО ОБИД ДА СПАСИ ЕКИПА НА ЕВН: Велешанец исчезна во Вардар