Закројување на лозјата во „Тиквеш“- почеток на новиот циклус за производство на врвни вина
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2016 18:52
Со желби за квалитетен род и бериќетна винска година, денеска започна закројувањето на лозовите насади на Винарската визба „Тиквеш“ на локалитетот „Лепово“ кое традиционално се одржува во чест наСвети Трифун - заштитникот на лозарите и винарите.
Чинот на закројување на лозите беше извршен според сите обичаи, од страна на генералниот директор на ВВ „Тиквеш“Игор Илиевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, во присуство на голем број партнери, соработници и пријатели.
„Овојпразник е многу повеќе од традиција. Тој е симбол на надежта на лозарите и винарите дека и оваа година ќе имаме добри услови коишто ќе ни овозможат да произведеме врвни вина кои ќе го освојуваат светот и со кои сите ние ќе се гордееме“, изјавигенералниотдиректорна ВВ „Тиквеш“, ИгорИлиевски, честитајќи им го големиот празник на сите лозари и винари, како и на љубителите на виното.
ВВ „Тиквеш“ во континуитет посветува големо внимание ивложува обемни средства во развојот на сопствени лозови насади, како и во соработката со лозарите и нивна едукација за примена на најсовремени агротехнички методиза одгледување на гројето заради натамошно унапредување на квалитетот и производство на врвно вино.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!






