20 Декември, 2025
0.0419

ЗАМИСЛЕТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА ПОДНЕСАТ ОСТАВКИ АКО СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД РЕЗУЛТАТОТ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Ванхојте со силна критика кон Заев

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2021 11:11

Добивај вести на Viber

Белгискиот експерт, Питер Ванхојте кој макотрпно работеше во процесот на реализација на Пржинскиот договор заедно со тогашниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, вчера во подолг статус на својот профил на Фејсбук упати сериозна критика кон премиерот Зоран Заев заради неговата оставка од функцијата по катастрофалниот резултат од локалните избори.

Изминативе денови со интерес ги следев последните случувања поврзани со локалните избори во Северна Македонија. Иако добро го разбирам тоа, ми звучи многу чудно што премиерот би решил да поднесе оставка поради разочарувачкиот исход на локалните избори. Во принцип, ова се две јасно одвоени нивоа на управување. Исходите од изборите на едно ниво не треба да имаат влијание на друго ниво. Важно е двете нивоа да се одвојат, бидејќи на севкупната кохезија на политичкиот систем во земјата и е потребна стабилност и граѓаните треба да разберат дека политиката на едно ниво не треба да има непосредно влијание на другото ниво. Замислете градоначалниците да поднесат оставки ако се разочарани од резултатот на националните избори. Дополнително, имам чувство дека одлуката на г. Заев беше јавно објавена пред да се постигне договор во неговата коалиција за ова. Како премиер, никогаш не треба да одлучите да поднесете оставка освен ако вашите коалициски партнери не се согласат со тоа, како и тоа, кои ќе бидат следните чекори, односно кој ќе ве замени како премиер.

Ванхојте наведува и дека целосно ја разбира разочараноста на премиерот, и дека постојат многу причини зошто би поднел оставка, но во таков случај, јавноста треба да ја информира дека сотавката ја поднесува од лични причини, а не заради исходот од локалните избори.

-Се разбира, целосно го разбирам разочарувањето на Заев - разочарување од функционирањето на сопствената партија, разочарување од немањето напредок во однос на влезот во ЕУ, разочарување од функционирањето на некои од неговите коалициски партнери... Така, да, сето тоа се валидни причини зошто премиерот може да одлучи да поднесе оставка. Но, ве молам, во таков случај, доколку сакате да поднесете оставка, информирајте ја јавноста дека одлучивте да поднесете оставка од лични причини.

Експертот смета дека не треба да има предвремени парламентарни зибори во Македонија, туку да се работи на приоритетите во земјата:

Во меѓувреме, не треба предвремени избори, туку да се продолжи понатаму, прво-фокусот да се стави на националните приоритети: економски развој, подобрување на здравствениот систем - да, свесен сум дека повеќето политичари ги користат приватните клиники, наместо јавниот здравствен систем и како резултат на тоа, многу од нив веќе не ни знаат колку навистина е проблематична состојбата таму, поради недостиг на инвестиции и ниски плати на здравствените работници - подобрување на образовниот систем на сите нивоа , и поддршка за развојот на перспективен земјоделски систем, овозможувајќи им на земјоделците да останат во нивните села и промовирање на производството и извозот на висококвалитетни производи во Европа, покрај тоа што му служи на локалниот пазар, пишува Ванхојте.

Тој обрнува внимание и на актуелниот спор со Бугарија, за што смета дека не би требало да се воведе класичен начин на медијација за да се реши проблемот.

Знам дека има потреба од посредување во однос на спорот со Бугарија, но на ова треба да се пристапи на креативен начин, а не да се следат класичните начини на медијација, бидејќи тоа нема да даде никакви резултати. Креативно овде значи различно, со фокус на реалните потреби на граѓаните на Северна Македонија и земајќи ги предвид заедничките интереси на Бугарија и Северна Македонија, како и учење да се разбере минатото и како да се остави зад себе. Време е да гледаме напред и да работиме на подобра иднина за сите граѓани. И, конечно, да се согласиме дека проблемите што ги гледаме повторно не се исклучива одговорност на едната или другата политичка партија, тоа е проблем на системот кој е нефункционален, бидејќи се заснова на клиентелизам, систем заснован на покровителство: ако гласаш за мене, ако ме поддржуваш мене и мојата партија, јас ќе направам нешто за тебе за возврат (да ти дадам пари, работа, да се погрижиш твоето дете да добие диплома, да ти договори пензија итн.) Во принцип, клиентелизмот може да се гледа како претходник на добро функционална демократија, во таа смисла нема ништо лошо, бидејќи тоа докажува дека политичарите се грижат за граѓаните. Сепак, клиентелизмот е некомпатибилен со функционална демократија, бидејќи не ги третира сите граѓани подеднакво. Сите страни треба да го стават како врвен приоритет промената на системот на клиентелизам. Да се изгради фер демократија, каде што сите граѓани имаат еднакви права и еднаков пристап до услугите, а политичарите ќе бидат во служба на граѓаните. И да не се чека утре или наредни избори, бидејќи ни избори нема да го сменат системот, туку да се почне да се работи на ова СЕГА, пишува белгискиот експерт Питер Ванхојте!



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки